Меки како душа, лесни како пердув, толку се добри што морав 2 пати да ги правам…Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 квасец
400 мл млеко
200 мл вода
3 рамни лажички сол
1 лажица шеќер
850 г брашно +-
за прелив:
140 маст/путер
3 жолчки
1 лажица брашно
за крај:
1 јајце
семки по желба
Постапка:
Активирајте го квасецот со 200 мл топло млеко, шеќер и лажичка брашно. Додајте ги останатите состојки и замесете меко тесто, па оставете го да го ферментира на топло место и да го удвои својот волумен.
Стасаното тесто поделете го во 4 топчиња.
Посебно соединете маст, жолчки и брашно, па добро измешајте. Секоја топка развлечете ја во кора со величина од поголема чинија и премачкајте ја одозгора (сите четири кори).
Оставете половина час да се одморат па спојувајте ги по две.
Корите равлечете ги на набрашнета работна површина, рамномерно од сите страни. Тестото се развлекува со раце, а не со оклагија бидејќи од горната страна се премачкани, па не мора да биде многу тенко, но супер се развлекува.
Со помош на чаршав или крпа одоздола се свиткува кората како ролат, од двата краја (два ролати, зашто ако е еден ќе биде многу дебел) а потоа со нож се одвојуваат. Од една кора добивате два ролати.
Секој ролат се сече на еднакви делови, а добиените кифлички се редат во обложен плех со хартија за печење. Се оставаат да нараснат, па се премачкуваат со изматено јајце и се наросуваат со семе или семки по желба.
Се ставаат во загреана рерна на 180 степени и се печат додека да добијат румена боја. Постапката се повторува и со вториот дел од тестото.
Од оваа мерка се добиваат два големи плеха од рерна.
Тестото може да се филува и со сладок и со солен фил, а многу се вкусни и кога се празни.