Меки и воздушести крофнички…Толку вкусни што ќе сакате да ги јадете секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша топло млеко (200 мл)
1/2 чаша топла вода (100 мл)
1 лажица сув квасец (10 г)
2 лажици шеќер (40 г)
1 чаша брашно (120 г)
1 јајце
1/2 мала чајна чаша масло (45 ml)
4 чаши брашно (480 gжг)
1 лажичка сол (8 г)
масло за пржење

ПОСТАПКА:

1.Измешајте ги млекото, водата, шеќерот и квасецот. Додајте 120 г брашно и измешајте да нема грутчиња. Поклопете и оставете да ферментира 15 минути.

2.Додајте и промешајте едно јајце на собна температура и масло, па започнете постепено да го додавате брашното помешано со сол. Замесете меко и мазно тесто. Оставете да ферментира 30 минути.

3.Премесете го на малку набрашнета површина и развлечете го во тенка кора. Со мала чаша или модла вадете ги крофничките.

4.Остатокот од тестото соберете го и повторете ја постапката. Крофничките оставете ги врз крпа покриени да ферментираат 10 минути, па пржете ги во умерено загреано масло. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/E0x-T8XUn20?si=m11j67SaMInZo7uW