Home Рецепти Меки, фини и мирисни полнети крофни од рерна

Меки, фини и мирисни полнети крофни од рерна

Ако сакате нешто посебно вкусно и мирисно… Потребни состојки: 300 мл млеко, 50 мл масло, 20 г квасец, околу 500 г брашно, малку шеќер, малку сол, кора од лимон, 1 пудинг од ванила, 300 мл млеко за пудингот и овошје од компот

Постапка: Растворете го млекото во малку вода и додадете 1 лажичка шеќер. Додадете јајце, масло, кора од лимон, млеко, брашно, сол и замесете помеко тесто.

Покријте го да се одмори околу 30 минути. Сварете го пудингот во млекотои засладете го по вкус. Оставете малку да излади.

Стасаното тесто развлечете го и вадете крофни. Едни остануваат цели, а од другите другите правете ги како прстен со помош на помала чаша.

Редете една цела крофна а врз неа една прстенеста. Во дупката ставете пудинг, а одозгора овошје. Јас ставив компот од кајсии.

<

Оставете ги вака да стасуваат, па по желба премачкајте ги со жолчка. Се печат на 200 степени колу 25 минути. Одозгора може да се наросат со шеќер во прав.