МЕКА ПОГАЧА КАКО ДУША-ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ: Тајната е во јогуртот кој на тестото му дава мекост и беспрекорен вкус

Нема поубаво кога куќата ќе замириса на топол домашен леб или погача. Овојпат ќе ви претставиме два кратки и многу едноставни рецепти за мека погача. Во едниот се става јогурт, а во другиот кисело млеко, па изборот останува на вас.




Тестото и во двата рецепти е меко, нека не ве чуди тоа, но крајниот резултат кога ќе се испече е феноменален. Еве што ви е потребно: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 2 јајца, 200 мл јогурт, 230 г брашно, 130 мл сончогледово масло, половина прашок за пециво, 1 лажичка сол.




ПОСТАПКА: Едно цело јајце и една белка се матат со миксер, се додава јогуртот и 130 мл масло. Во оваа смеса додајте 230 г меко брашно, прашок за пециво и сол и сè измешајте со миксер на најмала брзина.




Плехот за печење од 20×30 cm премачкајте го со масло и посипете со брашно, па истурете ја смесата и рамномерно распоредете. Одозгора премачкјате со изматена жолчка и печете во загреана рерна на 230 степени околу 15 минути. Или печењето прилагодете според вашата рерна. Еве го вториот рецепт на Ивана:




Одлична погача која е мека како памук, мирисна и вкусна, може да ја приготвите за појадок или вечера, а на вашата трпеза ќе се најде за само половина час. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 3 јајца, 200 мл кисело павлака, 150 мл млеко, 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете брашно, прашок за печиво и сол, па промешајте убаво да се соединат. Додајте ги останатите состојки и убаво промешајте. Нема потреба тестото да го месите, бидејќи тестото е доста ретко, но кога ќе се испече е многу убаво.




Тепсијата намастете ја, па излејте го тестото во неа. Подобро користете помала тепсија, а доколку користите поголема тепсија, погачата ќе биде пониска. Рерната вклучете ја да се загрее на 220 степени, а додека таа се загрева тестото малку ќе одмори (10-тина минути).




Одозгора обично наросете ја со сусам. Ставете ја погачата да се пече во убаво загреаната рерна, додека убаво да се зарумени. Печената погача оставете ја 5 минути да се подизлади и можете да почнете да ја јадете.

Послужете ја топла со кајмак, домати, младо лукче… Уживајте во вкусот! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаМилена го миела лицето со пиво, па еве какви биле резултатите за седум дена
Следна статијаСАРМИЧКИ ОД ТИКВИЦИ: Ако не сте го пробале овој рецепт, не знаете што пропуштате – лесно, евтино и многу вкусно