Рецепт и видео прилог на Том Филос – пита од палачинки.

Здраво на сите! Палачинки на 100 начини! Толку се вкусни што ќе сакате да ги правите многу пати! Ова е мека пита од палачинки со сирење и павлака која ќе ве одушеви. Вака сочна и мека нема во ниедна пекарница!

Потребни состојки:

Брашно, вода и малку сол за смесата за палачинки
4 јајца
50 мл масло
400 г кисела павлака
300 г сирење

Постапка:

Од брашно вода и малку сол изматете смеса за палачинки која треба да биде со густина на јогурт. Оставете ја да отстои најмалку половина час. Доколку имате свој рецепт според кој ги приготвувате рецептите, слободно послужете се со истиот. Потоа на тава за палачинки испечете ги палачинките и редете ги една врз друга.

Во подлабок сад ставете 4 јајца, 50 мл масло, 400 г кисела павлака и добро промешајте со жица за матење додека да се изедначат состојките. Во смесата додадете 300 г рендано сирење.

Тепсијата или калапот во кој ќе ја печете питата добро намастете го со путер. Потоа започнете со редењето на палачинките. Секоја палачинка премачкајте ја со приготвената смеса и продолжете со постапката додека да ви се потроши материјалот.

Врз последната палачинка излејте го остатокот од смесата. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: