Отпорноста на чуваркуќата најдобро го опишува нејзиното латинско име Sempervivum, што во превод значи “секогаш жива”. Некои од нас можеби се сеќаваат на неа како на билка со која во детството ни ги лекуваа болките во уво..

ЧУВАРКУЌА, Sempervivum tectorum. Не само што е украс и лековита билка, туку може и да се јаде. Многу добро оди во разни варива и супи кога ќе се стави пред крајот од готвењето.

Може да се блендира и додава во разни смути напитоци со овошје или зеленчук, како додаток за подобар вкус.

За воспаление на грло одлична е да се пие како чај. Со мед, изблендирана се користи како лек против миоми на матка и разни цисти.

Сокот традиционално се капнува против болки во уво, конјуктивитис, надворешни повреди, изгореници и било какви промени или оштетувања на кожата.

Но, дали знаевте дека ги пегла брчките? Тој сок не само што исцелува, туку и ја подмладува кожата и ги пегла брчките. Подобар е од било кој козметички тоник кој скапо чини, а ни доаѓа “спакуван” во обично ливче, а не во ултраскапи модерни шишенца и така директно набрано се нанесува на лицето и вратот.

Има антисептично, антибактериско и регенеративно дејство, а покрај тоа, многу пријатно освежува.

И тоа не е сè – го подига имунитетот, се користи кај хемороиди, потоа кај уринирани проблеми, проблеми со штитната жлезда итн.

Чај: Тенко исечкани ливчиња (неколку) се варат 15-тина минути во 250 мл вода. Се остава да отстои, па се пие неколкупати дневно, секогаш свежо приготвен.

Смеса со мед: 300 г чуваркуќа ситно исечкана се меша половина кг мед, па после неколку денови се консумира по 3-4 лажички дневно.

Многу ефикасен природен лек против цисти, срцеви заболувања, таложење на токсините…Комбинацијата од мед и „Чувар куќа“ може да го препороди вашиот организам.

Во основата на овој моќен лек е билката Чувар куќа, исклучително благотворна билка чие латинско име е „sempervivum“, а во превод значи „секогаш жива“.

За подготовка на овој лековит напиток потребно ви е:

300 г листови од „Чувар ќука“
300-500 г мед
2-3 лимони – сок

Постапка:

Исечкајте ги листовите на ситни парчиња и ставете ги во медот. Или уште поубаво ако можете да ги сомелете во блендер за да не се изгуби дел од сокот.

Оставете така да отстојат една седмица. На крај додадете сок од два лимони, а доколку сè уште ви е многу благо, додадете сок од уште еден лимон.

Консумирајте по 1-2 супени лажици, трипати дневно од овој лек на празен стомак. Овој природен лековит препрат има повеќекратно позитивно влијание на вашето здравје.

Во Русија се користи како превенција за срцеви заболувања, а исто така го забрзува и метаболизмот, ги лекува цистите и му помага на организмот да се ослободи од токсини.