Идат студени денови, па се сетив на лекот што ми го даваше баба ми кога бев мала. Сега, иако сум возрасна, понекогаш ме загребува грлото од нешто студено или од цигари, па повторно си го приготвувам и го консумирам.
Ова е рецептот на баба ми за омекнување на грлото и смирување на кашлицата:
Потребни состојки:
2 супени лажици мед
10 г путер
Постапка:
Медот и путерот оставете ги на собна температура за да омекнат.
Кога ќе бидат омекнати, со брзи движења мешајте со лажица додека смесата да се изедначи.
Оваа слатка смеса многу ја сакаат децата (и на возрасните) кога се настинати или ги гребе грлото.
Употреба:
По една кафена лажичка трипати на ден, а за помали деца се прилагодува количината.