МАСТ, ЛЕБ И АЛЕЕВА ПИПЕРКА: најздравиот појадок од нашето детство, ќе ви врати многу спомени. На што ве потсетува оваа комбинација? Можам да погодам бидејќи и ние го јадевме истото, лепче премачкано со маст и одозгора зачинето со пикантна пиперка.




Потоа потпечено го виткавме во една салфетка и трк надвор на играње. Јадевме, игравме и дома доаѓавме само за да јадеме, и тоа навечер кога ќе се слушнеше нашето име кое го довикуваа мајките. Можеби и највкусното јадење, а не е беспотребно кажано дека ова е најздравиот појадок од нашето детство.




Во денешно време постојат многу видови леб кои се разликуваат по својот состав и нутритивната вредност. Во нашиот реон најмногу се јаде белиот леб, кој според оценките на стручните лица е со најлош квалитет.



Сепак со текот на времето, се развиле неколку предрасуди во јадењето на леб, а за тоа има и причина. Порано нашите баби приготвуваа домашен леб, со познати состојки, правеа домашен квасец и се чувствуваше слаткоста на свежо, топло лепче.




Сега ретко кој меси домашен леб, најчесто се купува од продавниците, а во нашиот регион најмногу се јаде белиот леб. Вештачки направениот леб има ниска калориска вредност, со него не консумирате ништо квалитетно, освен што многу ќе ве засити и потоа ќе ви ги зголеми килограмите.




Покрај тоа, повеќето видови на леб содржат голема количина на сол. Лебот кој трае 7 дена не е вистински леб. Порано се знаело, па дури и секој ден сме печеле леб и ништо не ни било, затоа што лебот што сме го јаделе- бил домашен.




Покрај, свинската маст се користела отсекогаш во подготовка на разни јадења, за компири, печени пиперки, јајца, пити, колачи, баници.. Како и домашниот леб, и оваа маст нашите баби ја имаа во изобилие од домашното производство.




Познато е дека свинската маст не се користела само во подготовката на оброци. Таа беше многу моќен лек за сите болести, а најмногу респираторните како бронхитис, кашлица, астма, па дури се користеше и за лекување на обична настинка.




И на крај, црвениот пипер отсекогаш се сметал за најсилниот природен лек во прав. За нашиот силен имунитет како челик се должеше овој зачин. Црвениот пипер ја подобрува циркулацијата, го запира кр-вавењето и ја извлекува б олката.




Она што лутата пиперка ја вбројува меѓу најдобрите лековити билки е тоа дека таа е во состојба да направи неверојатни нешта за многу кратко време. За подготовка на овој оброк од детството сите знаеме како да го подготвиме, а ова беше само едно мало потсетување ако сте заборавиле на ова прекрасно јадење.