Мармалад од дудинки – брзо се прави, одличен вкус што не се опишува

Овој мармалад е одличен, брзо се приготвува, вкусот е таков што не можам да го опишам. Единствено мора да направите и да пробате. Можеби некому нема да му се допаѓа што користев Џемфикс, па во тој случај можете да го исфрлите и да го приготвите на класичен начин.

Потребни состојки:

3 кг плодови дудинка

1 кг шеќер

2 џемфикс супер

Постапка:

Дудинките измијте ги, дршките не треба да им ги отстранувате. Ставете ги во шерпа, па додадете шеќер и варете додека да почне да врие, со повремено промешување. Додадете цемфикс супер и варете уште пет минути.

Кога ќе излади складирајте во тегли. Мармаладот е одличен, многу брзо е готов.

СТАР РЕЦЕПТ ЗА МАРМАЛАД ОД ДУДИНКИ

Потребни состојки:

1 кг дудинки

1 прстофат сол

½ лимон – сок

Постапка:

Дудинките измијте ги во цедалка и ставете ги на оган да се варат со прстофат сол. Додадете лимонов сок и пробајте го вкусот. Дудинките се обично доволно слатки и не е потребно да се додава уште шеќер, но вие ако сакате можете да засладите со фруктоза (ако се бели или розови) или со кристален шеќер ако се црни.

Варете до саканата густина или скратете ја постапката со додавање на агар-агар (растителен желатин).

Напомена: кога ги готвите црните дудинки бидете внимателни, бидејќи дамките од нив не излегуваат.

МАРМАЛАД ОД ДУДИНКИ И ВИШНИ

Потребни состојки:

1 кг вишни

1 кг дудинки

1 прстофат морска сол за секој кг овошје

Постапка:

Од вишните отстранете ги семките, од дудинките дршките, па заедно сомелете ги или измиксајте ги. Печете ги во шерпа до саканата густина. Ако не ви е доволно слатко додадете шеќер, фруктоза или стевија. Остатокот е ист како за џем од сливи.

Loading...