МАРИЈА КОЦКИ: Едноставен колач за сите домаќинки, само реди и мачкај

Колач за сите Марии… Вкусен и едноставен колач со слатка павлака и чоколадо.

Потребни состојки:

6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
6 лажици топла вода
3 лажици какао
½ прашок за печиво

За крем:

500 мл слатка павлака
100 г шеќер
20 г желатин
100 мл млеко

За чоколадна глазура:

100 г чоколадо
50 мл слатка павлака

Постапка:

Одвојте ги жолчките од белките. Белките изматете ги во цврст снег. Оставете ги на страна.

Во жолчките додадете шеќер и измиксајте ги додека да станат пенливи. Додадете брашно, какао, вода и на крај прашок за печиво. Најпосле со лажица додадете го постепено снегот од белки и промешајте нежно, да остане смесата воздушеста.

Добиената смеса поделете ја на три дела. Во добро намастен плех (23х23 см) излејте го првиот дел од смесата и печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Постапката повторете ја со останатото тесто. Значи печете трипати, а печените кори оставете ги целосно да изладат.

За крем: Во слатката павлака додадете шеќер и миксајте додека да добиете цврст шлаг. Желатинот растворете го во млекото, а потоа додадете го во крмеот. Измиксајте го сето заедно.

За глазура:

Растопете го чоколадото за готвење со слатка павлака. Секоја изладена кора премачкајте ја со чоколадната глазура.

Редење: Врз првата кора нанесете крем, па втора кора, крем, кора, крем. Сочувајте малку глазура за украсување на колачот.

coolinarika.com

Претходна статијаВо болницата се случи чудо со Вилијам: Иако многумина не веруваа дека ќе преживее, тој сега е повторно во прегратките на мајка му
Следна статијаИДЕИ ЗА SИДАНА СКАРА: 20 скари кои ќе ве воодушеват со својот изглед