Најпрво овој колач е многу вкусен, а потоа, секако и доста евтин, а исто така, многу брзо се приготвува. Не можете да забележите дека е посен, бидејќи има неодолив мирис и вкус, па едноставно секој побарува уште по едно парче – Симона.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл вода, 12 лажици шеќер, 20 големи лажици меко брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 мала лажичка сода бикарбона, 4 големи лажици мелени ореви, 4 големи лажици сечкани ореви, 4 големи лажици мармалад по избор. Останато: 4 големи лажици мармалад по избор и 4 големи лажици мелени/сечкани ореви
ПОСТАПКА: Постапката за приготвување на многу едноставна. Сите состојки се ставаат во еден подлабок сад, се мешаат со лажица или шпатула додека да се добие еднолична, хомогена смеса.
Оваа смеса излејте ја во тепсија или калап со средна величина, претходно намастен и набрашнет или обложен со хартија за печење. протресете ја малку тепсијата за да се израмни тестото.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени околу половина час, но сепак, бидејќи сите рерни различно печат, вие проверете си со чепкалка – ако излезе сува, значи дека колачот е готов.
Веднаш додека е топол премачкајте го со мармалад по ваш избор, бидејќи од топлината мармаладот се растопува и полесно се размачкува. Одозгора обилно наросете мелени ореви или сечкани, по ваш избор.
Исто така, мармаладот е по ваш избор, можете да ставите каков сакате или едноставно што имате во моментот. Јас ставив мармалад од кајсии. Кој сака може да прелие и чоколадна глазура.
За чоколадна глазура: 200 г посно чоколадо помешајте со 2-3 лажици масло и растопете ги на тивок оган додека целосно да се растопи. Потоа глазурата постепено додавајте ја врз колачот и рамномерно распоредете ја.
Одозгора можете да наросите мешавина од мелени и сечкани ореви или лешници и бадеми или кикирики. Што и да употребите ќе биде вкусно и декоративно. Колачот е мек како памук, многу вкусен и мирисен. / Сооlinarika.сom