Како што посочија метеоролозите, ова лето се смета за најтоплото и најсувото досега. Силен топлотен бран се сврте кон нашиот регион, без врнежи. Со присуството на топлотни бранови во јули, истите се наговестуваат и за август.




Сепак, иако според временската прогноза за Европа не се предвидуваше никакво заладување во август, новата прогноза на Марко Чубрило го вели спротивното. Напротив, првите денови ќе започнат топло како во јули, но од средината на август се гледа драстично намалување на температурите за неколку степени, како и врнежи при крајот на август.




Според податоците на системот за долгорочна прогноза на ECMWF (ЕПС), по многу топол почеток на месецот, после 3 август, влијанието на Атлантикот ќе се зајакне, но сигурно нема да биде доминантен фактор во развој на времето во вториот, летен, месец оваа година.




Периодот по 2-ри до 6-ти август веројатно ќе донесе освежување, особено во западните и северните делови на регионот, бидејќи навлегувањето на свеж воздух од Атлантикот сепак би било релативно слабо.




По кратко затоплување околу 8 август, може повторно да се освежи, овој пат малку повеќе, а периодот од 8 август до половина од месецот ќе донесе температури околу просекот, додека оние на запад и север повремено може да бидат малку под просечно.




Вториот дел од месецот е синоптички многу сложен, од 16-ти август до околу 22-ри август би можело повторно да биде потопло, но прашање е колку би достигнале максимумите, со оглед на тоа дека влијанието на Атлантикот сигурно ќе остане врз западните и централните делови на Европа.




Самиот крај на месецот може да донесе конкретна промена, но засега тоа е само во сферата на шпекулации, предвидува временската прогноза на Чубрило. Почетокот на месецот треба да биде значително посув од просекот, додека по 2-ри август може да има почести врнежи од дожд на запад и север од регионот.




Се чини дека источниот и југоисточниот дел на регионот би чекале некои поконкретни врнежи барем до околу 8 август, ако не и малку подолго, додека во овој момент нема сигнал за поконкретни врнежи за крајбрежјето, вели Чубрило.




Втората половина од месецот ќе ги донесе првите врнежи околу просекот, додека подоцна може да стане малку посува од просекот.

Сумирано, пред нас е типичен август, самиот почеток треба да биде многу топол, по 3-ти август топлината полека ќе стивнува, а периодот од 8-ми август до 16-ти може да означи посвежо време со почести врнежи, додека потоа може да се врати топлото време. Непосредно пред крајот на месецот, може да следи нешто посилно освежување, како наближување на есента.




Конкретно во Скопје и околниот регион, температурите од 1-ви до 5-ти август ќе достигнат до 41 степен. Станува збор за екстремно сув период и не се препорачува да излегувате надвор, доколку немате потреба.

Од 7-ми август па се до крајот на месецот се забележува постепено опаѓање на температурите, за 1 – 2 степени на секој еден до два дена. Иако станува збор за неколку степени помалку, конкретно во центарот и околните асфалтирани подрачја нема да ја почувствуваат промената.




Падот на температурите најмногу ќе се почувствува на планините и живеалиштата надвор од градот, кои изобилуваат со повеќе флора отколку во градот. До 10-ти август се забележува да биде многу жешко, а од 11-ти август се наговестува сончево и претежно сончево време.

Последните 3 дена од месецот се забележува тенденција на врнежи кои можат да оладат и освежат. Првите четири дена од септември ќе започнат со врнење и температури од 27 степени. Повеќе за следење на дневната и месечната прогноза може да погледнете на дигиталната прогноза ОВДЕ. За прогнозата на Марко Чубрило погледнете ОВДЕ.