Македонска погача со пченкарно брашно и кисело млеко – лесно и брзо, прсти да излижеш! Многу вкусна погача која се приготвува лесно и брзо. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 

15 лажици пченкарно брашно,
3 јајца,
150 г свежо сирење,
3 лажици милерам (кисела павлака),
100 мл кисело млеко,
100 мл масло,
1 прашок за печиво и
сол по вкус

Постапка:

1.Сирењето измешајте го со милерамот и со киселото млеко, па додајте јајца и сол. Состојките нека бидат на собна температура.

2.Потоа долијте масло, па додајте го брашното и на крај прашокот за печиво. Сите состојки убаво промешајте ги додека да добиете убава изедначена смеса.

3.Добиената смеса излејте ја во намастен плех со средна големина и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-45 минути или додека да зарумени.

Послужете ја погачата со кисело млеко.

Забелешка: уште е поубава ако наместо свежо сирење користете овчо сирење. Наместо милерам можете да користете кисела павлака.