Потребни состојки:

500 г готови кори за пита

500 г свежо сирење

2 јајца

4 лажици јогурт

сол по потреба

За премачкување на корите:

1 јајце

5-6 лажици масло

5-6 лажици јогурт

малку сол

Постапка:

За фил измешајте јајца со сирење и јогурт, а по потреба посолете.

Во друг сад измешајте јајце со јогурт и масло и малку посолете, ова е за премачкување на корите.

Корите пресечете ги на половина по должина. Земете еден лист и премачкајте го со една лажица од преливот, развлечете преку целата кора со четка, па одозгора ставете уште еден лист. Премачкајте и ставете фил од сирење, до половина кора. Подвиткајте ги малку страните, па целата кора свиткајте ја како сарма.

Вака приготвените ролатчиња редете ги во намастен плех или обложен со хартија за печење.

Премачкајте ги малку со смесата од масло и јогурт и наросете сусам

Печете во загреана рерна на 200 степени.