Македонија втора најзагадена држава во Европа – 13. во светот

Загадувањето е еден од најголемите проблеми на денешницата. Градови, села, реки, морина … сите тие се погодени од оваа катастрофа што ја  предизвикуваме  и уште ја предизвикуваме. Загадувањето на природата е еден од најголемите недостатоци на човекот кој се појави од неодамна.

Луѓето мислеа дека можат да ги користат природните ресурси до “бескрај”. Сметаа дека се неисцрпни. За жал не е така и неопходно е да  разберме колку  флора и фауна се изумрени и исчезнати , благодарение на немилоста и  невнимателноста на човекот.

Научниците велат дека зголемувањето на употребата на фосилни горива, доведе до зголемување на концентрацијата на јаглерод диоксид  во атмосферата на Земјата.

Ова го предизвикува таканаречениот ефект на стаклена градина, односно температурата на површината на земјата расте. Глобалното затоплување влијае и на  други големи промени во животната средина, како што се топењето на поларниот мраз и  силни тропски бури.

Во однос на загаденоста Македонија го завзема високото 13 место во светски рамки, а во Европа е втора, со индекс на загадување 82,38 и опсег на загадување 150,05.

Во светот најмногу загадена е  Монголија со индекс 94,01 и опсег 173,69 . Најмалку загадена земја во светот и Европа е Исланд со индекс 11,96 и 22,80 опсег на загадување.

Од нас самите зависи нашата иднина и иднината на нашите поколенија, затоа треба да се вразумиме час поскоро, додека не е предоцна.

КЛИКНЕТЕ НА МАПИТЕ ЗА ДА ЈА ВИДЕТЕ ЛИСТАТА НА ИНДЕКСИ

Претходна статијаВо Скопје денес мириса на сулфур и не се дише: Доколку немате потреба не излегувајте надвор – еве кој треба особено да внимава
Следна статијаКамин и печка на дрва го загадуваат воздухот 1000 пати повеќе отколку автомобил модел 1992