Макарони со газирана вода: без да ги цедите и да валкате садови, само истурате и печете во рерна

loading...

Сите ги вариме и ги сакаме макароните, но еве еден полесен начин и побрз, без да ги цедите, без да миете садови, туку едноставно ставате да се пече. Овој рецепт го научив од ќерка ми и презадоволна сум.

Потребни состојки:

500 г макарони
2 јајца
500 мл јогурт
сирење
1 литар газирана вода
путер или масло за намастување на тепсијата

Постапка:

Во тепсијата ставете 4-5 лажици масло или намастете со путер, па истурете ги макароните и промешајте.

loading...

Во еден сад ставете јајца, јогурт, дробено сирење, добро измешајте и прелијте ги макароните. Повторно добро промешајте ги макароните и додадете сол ако е потребно.

Потоа полијте ги рамномерно со газирана вода. Најдобро е да полевате во еден агол полека така да се прекријат макароните одозгора.

Покријте ја тепсијата со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна да се печат макароните околу 30 минути.

Извадете ја фолијата и оставете да се запечат уште неколку минути додека да заруменат.

Готови се за послужување.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на Aleksandar Bruce Makedonski: “na 500 grama makaroni malku se 2 jajca,  potrebni se 4-5 ili, na 100 grama makaroni- 1 jajce, zavisi od kalibraza. 

  poveke od 10 godini ovoj recept e vo nasata kujna, so mali izmeni, dopolnuvanja i modifikacii,  i vo sekoja verzija u tavceto ne ostane nisto :D”

loading...