Макало со компир и свежи пиперки – почнуваш да јадеш и не знаеш за доста

Фото и рецепт: Славица Георге

Потребни состојки:

10-тина пиперки

3-4 чешниња лук

3 поголеми компири

Сол по вкус, масло по потреба

Ова макало од компири и свежи пиперки почнуваш да го јадеш и не знаеш за доста.

Постапка:

Се печат неколку поголеми, месести, црвени пиперки. Се собираат во кеса и се оставаат околу 1-2 часа да омекнат. Се лупат и се чистат од семето.

Се сечкаат и се ставаат во толчник убаво да се истолчат.

Исто се толчат 3-4 чешниња лук со малку сол и се мешаат со пиперките.

Се додаваат 3 поголеми варени компири – се толчи заедно и се потура со зовриено масло.

Се посолува по вкус.

Со убав, мек леб – нема прејадување…

Претходна статијаЗа две седмици излечете ги испуканите капилари со овој рецепт
Следна статијаОвие работи не ги кажувајте никому ако сакате да имате среќа и напредок во животот