Неверојатни резултати со Сканди Сенс диетата!

Сузи Венгел (39), мајка на пет деца од Данска осмислила диета која набрзо почна да се шири по Интернет и стана хит.

Жената се борела со вишок килограми не само после пораѓајот, туку целиот свој живот. Во еден момент нејзината вага покажала 100 килограми и тоа веќе било алармантно.

Одлучила да најде решение, па самата осмислила едноставни правила од кои за десет месеци ослабела околу 40 килограми.

Според тој план на исхрана, за секои од трите главни оброци може да изедете четири шаки храна, која би требало да ве засити доколку истата е правилно урамнотежена.

Кај повеќето луѓе величината на рацете и дланките е пропорционална со нивната градба и висина, па жените со своите шаки би требало да ги измерат во просек 1500 калории дневно, а мажите да измерат просечно 2000 калории.

Со примена на начелата од Сканди Сенс диетата, седмично се слабеат во просек од 400 до 800 грама.

1.и 2. Шака: Зеленчук и салата

Потребата за јаглени хидрати најдобро е да се задоволи со јадење на зеленчук. Ако го сакате, можете да изедете две шаки зеленчук по оброк, но на телото му е доволна и само една.

3.Шака: Протеини

Извор на протеини се месо, живина, риба, школки, јајца, помалку масни сирења или мешунки. Мора да ги вклучите во барем два оброци дневно, а доколку многу вежбате, тогаш, во сите три оброци. Преработките од месо ограничете ги.

4.Шака: Јаглени хидрати

Четвртата шака се јаглени хидрати во облик на леб, тестенини, ориз, компир, житарици или овошје. Ако одбегнувате леб, ориз или тестенини, четвртата шака може да ја замените со уште една шака зеленчук или половина шака протеини.

МАСТИ

Еден оброк би требало да содржи помеѓу една и три супени лажици масти, а можете да консумирате маслиново масло, масло од репка, јаткасти плодови, семки, мајонез, тартар, авокадо, песто, путер, павлака, масни сирења или темно чоколадо.

ПИЈАЛАЦИ

Потребно е да се пие од 1,5 литар вода дневно. Црно кафе, чаеви и диетални безалкохолни пијалаци можете да пиете по потреба, но не претерано.

ДЕСЕРТИ

Во Сканди Сенс диетата ништо не е забрането, но постојат некои намирници чиј внес сепак мора да биде ограничен или заменет со други оброци, како слатки, колачи, сладолед, чипс, тортињи или слатки напитоци – тие се забранети.