Фотографија и рецепт на Зорка Јанчева

Потребни состојки: 4 јајца, 1 чаша (од 250 мл) масло, 1 чаша јогурт, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво, 200 г шунка, 200 г сирење, 200 г кисели пиперки, 200 г кисели краставички, 150 г кашкавал

Постапка: сите состојки се дробат ситно. Јајцата се матат со миксер, а потоа се додава брашното со прашок за печиво и добро се промешува со лажица за да нема грутчиња.

Во смесата се додаваат сите исечкани состојки, се промешува за да се изедначи и се излева во намастена тава бр.30.

Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути или се проверува со чепкалка. Ако се лепи на чепкалката и ако погачата не е убаво печена, оставете уште некој минута да се допече.

Фотографија и рецепт на Зорка Јанчева