„Sвездите паѓаат“, па совршено може да се видат во темната ноќ. Заедно со некој ваш близок пријател искачете се на некое ритче или подалеку од градското осветлување, на некоја планина, и yживајте во прекрасниот ѕвездест огномет.

Дали во текот на августовските ноќи сте се загледале но ноќното небо? Ако да, тогаш сигурно сте забележале дека тоа е преполно со трепкачки ѕвезди, па ви се чини како целата вселена да се отворила токму пред вас.

И оваа година месец август ни го носи метеорскиот дожд Персеиди, метеори кои се активни на небото од 17.јули до 24.август. Овој дожд од „ѕвезди паѓачки“ ќе ја достигне својата кулминација ноќта помеѓу 11. и 12. август.

После оваа ноќ бројот на метеорите нагло ќе опадне. Најголеми изгледи за да ги видите „ѕвездите што паѓаат“ ќе имате вечерта на 12.август, а најубаво ќе можат да се видат после 23 часот, односно од полноќ до утрото.

Персеиди е појава на метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Појавата настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл.

Најмалите честички се со големина на зрно песок, согоpyваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд. Прво тоа е со најголем интензитет, па потоа постепено слабее. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.

Се смета дека Персеиди дождот е најубав, бидејќи овие метеори имаат највпечатлив сјај, но и брзо паѓаат. Нивните блесоци се многу силни, а најубаво се посматраат во природа, каде небото е отворено и воздухот не е загаден.

Совршено се гледаат во темнината, па затоа, доколку сте во можност, заминете со некоја ваша блиска личност на некој рид или планина и yживајте во преубавиот ѕвездест огномет.

Меѓутоа имајте во предвид дека на вашите очи ќе им биде потребно време малку додека да се привикнат на темнина, па дури потоа продолжете со набљудување на ѕвезденото небо.

На 11, 12. и 13. август доколку гледате во ноќното небо, сигурно ќе видите „ѕвезда што паѓа“ за која се верува дека има моќ да ја пренасочи енергијата во остварување на она што ќе го посакате во тој момент.

Ова е одлична пригода да размислите за промените кои сакате да ги направите во вашиот живот и да ги освестите важите желби за она што го сакате и целите кои сакате да ги постигнете.

Кога ќе погледнете „ѕвезда која паѓа“, замислете си една искрена желба, од срце, затворете ги очите и на неколку минути визуализирајте ја својата желба, а потоа продолжете да го набљудувате небото.

Ако во текот на ноќта видите повеќе „ѕвезди паѓалки“, тогаш можете да ја замислите истата желба одново или да си помислите нова. Важно е желбата да биде замислена од срце и да не ја откривате на другите, туку да си ја чувате во тајност – вели народното верување.