Љупчо од Битола: Со овој едноставен метод засекогаш се ослободив од жуљот во ногата

Од архивите на НМД, рецептот ни го испрати почитуваниот Љупчо од Битола, кој случајно дознал за лекот, го применил и се спасил од тврдиот калус во ногата.

“Со години ме мачеше калус на прстот од ногата или како што народски многумина го нарекуваат “курије око” или “жуљ”.

Во разговорите со моите пријатели открив дека речиси сите мака мачат со овој проблем; кај некои се јавува на петата или на горниот дел на табанот или пак, отстрана, во зависност од “газењето”.

Овој калус знае да биде многу болен и ми предизвикуваше многу главоболки со години.

Многу ги сакам вечерните прошетки, но со болката во стапалото морав да се откажам и од ова уживање. Пробав многу конвенционални и алтернативни лекови, но калусот секогаш се враќаше.

Маката ме натера да пробам се’ и сешто, па така случајно го открив, односно го “измислив” овој лек. Сега калусот целосно се повлече и повеќе немам проблем.
На читателите од НМД им го откривам ова едноставно решение и се надевам дека некому ќе му помогнам.

Состојките кои ги користев се природни и достапни, може да се купат во секоја продавница.

ПОСТАПКА:

Најпрво стапалата треба добро да се искиснат во леген со вода и една шолја сода бикарбона.

Може да се користи и винска киселина. Важно е тврдата кожа добро да омекне за да може полесно да се отстрани со ренде (скалпел) кој е специјално наменет за тоа и може да се купи во аптека.

Мора да ги предупредам читателите дека овој процес може да биде болен, и да бидат внимателни, да не завлегуваат многу длабоко.

Само онолку до колку е поднослива болката. Или пак може да отидат на педикир и ова да им го направи стручно лице.
Втората постапка која мислам дека беше од клучно значење е нанесување на лековита смеса направена од две состојки: кокосово масло и каранфилче во прав.

Измешајте по малку од двете состојки, да добиете густа паста. Нанесете од смесата врз исчистениот калус и фиксирајте со фластер. Оставете да делува до следниот ден.
Повторувајте ја постапката додека целосно да исчезне калусот од корен.
Мене ми помогна, а ако ви помогне и вам, споделете го леков со вашите пријатели.”

Коментар на Љубе:

“Јас порано имав жуљ на мојата лева нога во моето стапало, бев кај еден во Кавадарци Блаже Мајка и тој го излече мојот жуљ. Но сега на мене ми се направи жуљ под ноктот на мојата друга нога и многу ме боли понекогаш. Бев неколку пати во болница и таму ми кажаа дека треба да го вадам ноктот од најмалиот прст.”

Коментар на Јадранка Иванова:

… zemete si od apteka od apcinjata za zul stavete treba da se stave na izmieno mesto ubavo e da e poraskisneto izbrisete da e suvo i zalepete go apceto da dojde tocno na zuljo tamo pise kolku dena se nose posle so nosceto od noktarkata razvrtete go mestoto dodeka da dojdete do iglickite na zuljo toa e korenot so cupalica izvadete gi ubavo pazete edna iglicka ako ostane nisto ne ste napravile ubavo precizno izvadete gi ono se naprave bagi dupka ne se plasete taja sama posle ke se zavore ako e na nogata nekemozete sami ke treba nekoj drug da vi gi izvade probajte jas na moe dete izvadiv dva i koleski sto imaa taka gi izvadija ali iglickite da ne ostanat aa deka samote ispadnat tie se tolku dlaboko daj boze da e taka pozz

Коментар на Јадранка Заовска:

“I jas imav zulj, go otrgnav na ovoj nacin, na sekoi 2 casa stavav cuvarcuca od ednata strana se lupi I se stava na zuljot se pricvrstuva so hanzaplast (20)dena dodeka korenot ne se izvadi…. Provereno…”

Коментар на Гордана Стефановска:

“Ushte po efikasen lek :izmztena ubavo koskena srz so soda bikarbona ksjz sto smesz se nanesuva na flaster sekoja vecer taze nekolku dena .Isproban recept.

… vo sekoja mesara so kupuvange na koska za supa ,mesarot kr ja prepolovi i vie ke si izvaditw ostanatoto so koskata svarete supa”

Loading...