Лукас (56) бил длабоко погоден од бракот и сето она што довело до развод -дури и после дваесет години тој не може да заборави низ што поминал во борбата за спас на децата.

Како што сведочи за „Моје вријеме“, одмаздата на неговата сопруга била погубна и за него и за децата. Се борел, опишува, со раце и нозе, стигнал до највисоките државни органи и конечно успеал да го оствари правото да ги гледа децата.

По разводот, жената забранила гледање со децата

Лукас кога имал 30-тина години, пред поточно две децении се соочил со тешка работа во приватното претприемништво и брак кој тонел во пропаст.

„Имав 35 години, го водев мојот бизнис во голем град покрај брегот, кој уште тогаш нудеше неколку можности за добар живот и подигање семејство. Меѓутоа, мојата сопруга почна неоправдано да троши пари, излегуваше често, а некогаш и со недели ја немаше“, раскажува г-дин Лукас.

Ова биле и причините поради кои одлучил да се разведе. Тука започнува неговиот, како што тврди, најлош кошмар, бидејќи сопругата решила да му се одмазди и да го повреди онаму каде што најмногу го боли, без разлика што цената ќе ја платат најмалите.

Не е редок пример кога страната која се чувствува оштетена при разводот, да се осветува преку децата, па колку разумот да говори едно, омразата често е посилна од секаква логика. Ако се суди според зборовите на Лукас, така било и во неговиот случај, бидејќи неговата бивша сопруга направила сè што можела само за да му го загорчи животот.

„Воопшто не беше лесна разделба, беа вклучени две малолетни деца. Жената започна одмаздничка кампања против мене и целото мое семејство. По разделбата ги криеше децата и на секој можен начин забрани средби со мене како татко“, раскажа тој.

Како што објаснува, сè се одвивало со, имал такво чувство, благословот на Центарот за социјални работи, па поднел тужба против поранешната сопруга, но и Центарот. „Мојата сопруга дојде на суд со предлог да ги гледам децата еднаш месечно по два часа и тоа само со надзор на Центарот за социјални работи!

Таа донесе на суд порота составена од неколку жени кои лажеа во нејзино име. Не знам како го направи тоа. Нејзината цел беше да го забрани секој мој контакт со децата“, објасни тој.

Борба против системот

Гледајќи дека на повидок е катастрофа, решил да се бори, како што рекол, „против тој луд систем“.

„Со помош на адвокатите и државното правобранителство напишав писмо директно до тогашното Министерство за здравство и социјала. Сè им објаснив. Чекав два месеци и конечно добив решение.

Министерот ми одговори лично, а во решението пишуваше дека експресно е наложено судот и центарот веднаш да ги укинат сите претходни одлуки и дејствија што беа насочени против мене“, ја објаснува постапката и сведочи дека правдата оди бавно, но на крај се остварува.

„Тоа решение ги спаси моите деца. Судот и Центарот донесоа нова пресуда од која најголема корист имаа моите деца. Пресудата гласеше: На децата им е дозволено да останат со својот татко и неговите родители секој викенд.

Ним им е дозволено да останат со својот татко за време на сите летни и зимски одмори во времетраење од 20 дена“, цитира г-дин Лукас. За сето ова дознала и неговата поранешна сопруга, која била предупредена за однесувањето и притисокот кој го врши врз малолетните деца.

Моќна порака

За крај, господинот Лукас им порачува на сите кои ќе се најдат во ситуација слична на неговата, да не се откажуваат од правдата – никогаш! „Центарот понекогаш смета дека со тек на време сè ќе се реши само по себе, па чека.

Јас, пак, верувам дека секоја самохрана мајка треба да добие психолошка помош и да се подложи на терапија во која би и било објаснето колкава корист имаат децата кога ја имаат поддршката од целото семејство, од двете страни. Таквите деца се поуспешни и поздрави во животот“.

„Бабите и дедовците освен емоционална помош даваат и финансиска помош. За малку ќе ни се случеше дури ни бабата и дедото од моја страна да немаат контакт со нивните внуци, а сето тоа поради разни изговори на мајката која очигледно беше во одмазднички поход.

Одете во повеќе инстанци, а во меѓувреме инсистирајте на контакт со децата, макар и под надзор на Центарот за социјални работи. Ако се борите за правда, еден ден страната што ја попречува правдата ќе сфати дека имала погрешен филм во главата“, ги заклучи своите размислувања г-дин Лукас. /moјеvrijeme.hr