ЛУК: 7 дена јадете по една лажица на празен стомак: Ќе бидете поенергични, поздрави и без вишок килограми

Лукот е еден од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е бидејќи има извонреден вкус, на секое јадење му дава посебна арома, па згора на сè, корисен е и за здравјето.

Најдобро е да се консумира сиров, бидејќи неговата активна состојка ги губи своите својства ако термички се обработи.

Сировиот лук може да ви помогне кај бројни медицински состојби, па дури и лекарите го препорачуваат.

Loading...

Може да ви помогне во намалување на високиот крвен притисок и холестерол, да спречи коронарни болести на срцето и срцев удар. Исто така, многу е корисен ви ублажување на атеросклероза.

Одличен е за јакење на имунолошкиот систем, а помага и при детоксикација на телото и значително губење на вишокот килограми.

КАКО СЕ КОРИСТИ ЛУКОТ ЗА СЛАБЕЕЊЕ?

Мора да го исечкате колку можете поситно и да го оставите на собна температура околу 15-тина минути. Дури потоа можете да го консумирате, најдобро на празен стомак, бидејќи на тој начин полесно се апсорбираат хранливите материи.

РЕЦЕПТ

Земете 2-3 чешниња домашен лук (да не е кинески, тој предизвикува проблеми со желудникот). Излупете ги и исечкајте ги ситно. Оставете ги 15-тина минути на страна, а потоа додадете една лажица мед и промешајте. Оваа смеса консумирајте ја секој ден.

После само неколку денови, ќе забележите дека се чувствувате поенергично, а и поздраво. Ќе се зајакне отпорноста на телото од вируси, но и цревата ќе ви бидат прочистени.

Пробајте и уверете се сами!

Loading...