Loading...

ЉУБОВЕН ВЕНЕЦ: Колач со суво овошје

Највкусното слатко лепче!

Потребни состојки:

3 јајца
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
2 шолји шеќер (од 200 мл)
1 шолја млеко
1 шолја растопен путер
3 шолји брашно
1 супена лажица цимет
400 г суво овошје по избор
1 лимон
1 портокал
100 г чоколадо (може и без чоколадо)
Цимет за наросување на колачот

Постапка:

3 белки со миксер изматете во цврст снег, потоа додадете жолчки, ванилин шеќер, кристален шеќер, прашок за печиво, млеко, путер, брашно и супена лажица цимет, а потоа смесата лесно доматете ја со миксер сето да се соедини.

Додадете ситно сечкано суво овошје по желба (брусница, суво грозје, суви кајсии, ореви, лешник, суви смокви, урми, сув ананас…).

Изрендајте кора од лимон, портокал и 100 г чоколадо, промешајте со лажица и излејте во намастен и набрашнет плех или куглоф и ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 180 степени околу 50-55 минути (во зависност од јачината на рерната).

Печениот колач превртете го на даска или чинија и додека е врел наросете го со цимет во прав.

Loading...