Колачот со јаболка е класика, вкусен десерт кој многумина го сакаат. Па, што ако ви претставиме рецепт кој не само што е вкусен, туку и брз и лесен за подготовка? Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јаболка, 2 јајца, 1 мала чаша (од 100 мл) шеќер, 1 чаша млеко, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 лажичка прашок за печиво, 2 чаши (од 250 мл) брашно. За крем: 1 јајце, 1 лажица скроб, 250 мл млеко

ПОСТАПКА: Започнете со подготовка на кремот за да има време да се олади. Во мала количина млеко измешајте ги јајцето, скробот и шеќерот. Додајте го преостанатото млеко и добро измешајте. Сварете го кремот како густ пудинг и оставете го да се излади.

Пенасто изматете ги јајцата со шеќер, па кога ќе згуснат додајте го млекото. Постепено додавајте просеано брашно измешано со прашок за печиво. Исечете ги јаболката на мали парчиња.

Калапот премачкајте го со путер и на дното ставете ги исечканите јаболка. Распоредете го тестото врз јаболката. Со помош на слаткарска кеса, распоредете го кремот врз тестото, создавајќи решеткаст шаблон.

Ставете да се пече во рерна загреана на 180°C околу 30 минути. Ова е совршено решение за брз и вкусен десерт. Тој е мек, мирисен и полн со богат вкус. Сигурно ќе ви се допадне! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.