Околу 750 г шницли од телешка/јунешка кртина добро исчукајте ги, посолете и запиперете. Оставете малку да отстојат, па секоја шницла извалкајте ја во брашно, па пржете на врело масло во тава.

Кога шницлите ќе бидат испржени, во маслото додадете една лажица брашно, ловоров лист, неколку зрна црн пипер и малку зачин по вкус (најквирц/пимент), па кога сето ќе се запржи налијте една чаша вино и вода, колку шницлите едвај да се покријат а сепак да се динстаат.

Превртувајте ги и дотурајте по малку течност додека да станат целосно меки, а потоа тргнете од оган и додадете 2 тркалца лимон и половина лажиче синап.

Готовите шницли редете ги во тепсија за печење, прелијте ги со сокот во кој крчкаа, а преку шницлите прелијте кисела павлака. Потпечете и послужете со млад компир, ориз, макарони или помфрит.