Сапунот од магдонос за лице е нешто што ќе ви помогне своето лице да го доведете до совршенство со основна нега, а тоа е чистењето.

Магдоносот за лицето е одличен природен лек, посебно ако ве мачат дамки и акни или сакате да ги ублажите брчките. Научете како сами да си направите сапун од магдонос за нега на своето лице. Верувајте, брзо ќе стане вашиот најдобар пријател.

Постојат бројни дебати меѓу жените на тема дали сапунот за лице е нешто што треба да се користи или не. Доколку внимавате што купувате и бирате природни производи, тогаш одговорот е “да”.

Кои се предностите на сапунот од магдонос?

Овозможува дејство на мноштво антиоксиданти кои го намалуваат штетното дејство на УВ зраците од Сонцето, а кои се основна причина поради која старее кожата.

Ја подобрува циркулацијата под кожата, што доведува до регенерација на клетките и намалување на темните подочници. Ја регулира ПХ вредноста на кожата и спречува појава на митесери и акни.

Делува противвоспалително и ги смирува иритациите на кожата од лицето доколку ги имате. Фитонутриентите имаат обелувачки својства. Кожата ги впива и се намалува хиперпигментацијата.

Потребни состојки:

125 мл инфузија од магдонос
125 мл инфузија од зелен чај
20 г млеко во прав
20 г овесна каша
50 г мед (2 лажици)
60 г глицерински сапун

Постапка:

2-3 лажици свеж магдонос прелијте со 125 мл вода. Ставете да зоврие, а потоа тргнете на страна, процедете и изладете. На ист начин пригответе го и зелениот чај. Додадете ги сувите состојки: овесна каша и млеко во прав и мед. Промешајте со дрвена лажица.

Глицеринскиот сапун растопете го во посебен сад, а потоа додадете ја претходно приготвената паста. Промешајте, наполнете ги калапите и оставете да излади. Кога ќе се осладат и стегнат, извадете ги сапуните и користете ги редовно за миење на лицето. Ефектите нема да дојдат преку ноќ, но после месец дена ќе бидете воодушевени.