ЛИСНАТИ „УСТИ“…Овие печива ги правам трипати неделно, а секој што ги пробал ги обожава…Можете да ги направите со кој било фил по желба. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 125 мл):

1 кесичка сув квасец
1 чајна чаша масло (125 мл)
1 чајна чаша јогурт (125 мл)
1 чајна чаша вода (125 мл)
2 јајца (едно со жолчка)
1 лажичка сол
3,5 – 4 чаши брашно (350 – 400 г)

За премачкување на тестото:
150 г путер
За фил:
рендан кашкавал/чедар или по вкус
За премачкување на печивата:
жолчка + 1 лажичка масло

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги квасецот, водата, маслото, јогуртот и јајцата. Сите состојки треба да бидат на собна температура, а водата топла.

2.Започнете постепено да го додавате брашното со солта. Тестото на почетокот се меша со шпатула, па се замесува со рака. Треба да биде средно меко и да не се лепи за рака.

3.Тестото покријте го и оставете го на топло место да ферментира 30 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

4.Стасаното тесто лесно премесете го и поделете го на 4 еднакви парчиња. Секое топче развлечете го во што потенка кора. По потреба посипувајте брашно за да не ви лепи.

5.ПО 2 КОРИ: Преку цела површина премачкјате ја кората со растопен путер, па поклопете ја со втората кора. Спојте ги на краевите, и со лесно потегнување обликувајте правоаголна кора.

6.Повторно нанесете растопен путер и внимателно свиткајте ролат.

7.Добиениот ролат исечете го на парчиња со дебелина од 3 прсти и наредете ги на набрашнета површина. На ист начин сработете ги и останатите две теста.

8.Покријте ги со кеса и оставете ги 10 во замрзнувач за да се стврдне путерот. По изминатото време со прстите затворете ги пресечените краеви од тестото, сплоснете го и со оклагија развлечете го во тркалезна кора со големина на мала плитка чинија.

9.Во средината ставете рендан чедар кашкавал и преклопете го да се затвори. Со прстите дополнително притиснете во полукруг (како панцерота). Подготвените печива наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

10.Покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути и малку да нараснат. Потоа печивата премачкајте ги со жолчка и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/EwrhHgMCX0M?si=h77Wk35TWdILYE1O