Лиснати крофни со ореви…крцкаат и се топат во уста…превкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл млако млеко
1 лажица шеќер
1 лажичка сув квасец
5 жолчки
100 г растопен путер
200 г кисела павлака
1/2 лажичка куркума во прав
1 лажичка ванилин шеќер
200 мл вода
1 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
1200 г брашно

За фил:
300 г ореви
140 г шеќер
1 лажичка цимет
за премачкување на тестото:
300 г путер
за премачкување на крофните:
жолчка
1 лажичка млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте млеко, шеќер и сув квасец, па додајте растопен путер, жолчки, павлака, куркума, ванила и вода. Изедначете и додајте нешто повеќе од половина брашно, сол и прашок за печиво.

2.На почетокот мешајте со лажица, а потоа постепено додајте го остатокот од брашното и замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака. Покријте го и оставете го на топло да ферментира додека да го удвои волуменот.

3.Стасаното тесто истресете го набрашнета работна површина, малку премесете го и поделете го на два дела. Секој дел развлечете го го валјак и поделете го на 6 дела. Обликувајте 12 топчиња. Покријте ги со кеса и оставете ги да одморат 10-15 минути.

4.Мелените ореви измешајте ги со шеќер и цимет.

5.Земете едно тесто и врз набрашнета површина развлечете го колку можете потенко. Потоа намастете го и оставете да одмори 5-10 минуту, па врз друга намастена површина растегнете го со прстите.

6.Кората намастете ја со растопен путер, па поставете втора кора одозгора и повторно намрсете ја. Поставете трета кора и намрсете ја.

7.Исечете ленти со широчина од 3-4 прсти, па секоја свиткајте ја во ролат.

8.Секој ролат со прстите вдлабете го во средината како џеб и наполнете го со приготвениот фил од ореви. Потоа затворете ги краевите на тестото со штипкање на прстите, па малку сполснете го.

9.Вака подготвените полнети крофни наредете ги во плех, покријте ги со кеса и оставете ги да одморат 15 минути. Премачкјате ги со жолчка, ставете орев одозгора и посипете сусам.

10.Печете ги во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.