Лимонот е глобално позната лековита билка и сите знаеме дека е добро да се консумира во сиров облик, поради витаминот Ц. И чајот сварен од целиот лимон е исто така многу лековит, како што се лековити и другите билковни чаеви. Меѓутоа, од нив се разликува по специјалните лековити својства.

Има луѓе кои наутро наместо кафе пијат топла вода со лимон, што е исклучително добро. После месец дена секојдневно пиење на лимонада, добро е да се направи пауза од две седмици за да се одморат цревата. Меѓутоа, за да ги искористиме сите лековити својсттва кои ги дава лимонот, најдобро е да го приготвиме на следниот начин:

Неколку лимони претходно добро измиени со сода бикарбона и ладна вода, пресечете ги на половина и прелијте ги со вода. Ставете ги на оган да зоврие, оставете да се варат пет минути, па исклучете го шпретот. Оставете ги лимоните во течноста додека таа полека се лади. Кога ќе излади течноста, процедете ја и засладете ја со мед.

Напитокот складирајте го стаклен сад и чувајте го во фрижидер. Секое утро пијте по една чаша на празен стомак. ШТО ЛЕКУВА ВАРЕНИОТ ЛИМОН ВО ВОДА: поттикнува слабеење и топење на масните наслаги; го зајакнува имунитетот; лекува настинка; го забрзува метаболизмот; ја поттикнува перисталтиката и празнењето на цревата; го подобрува изгледот на кожата; ги лекува акните

Најдобро е наместо кафе, секое утро да пиете од овој напиток. Разликата ќе ка забележите после само неколку денови.