Рецепт на Кети од Велика Британија. Овој домашен антивиpycен сируп се приготвува со ѓумбир кој му дава антивоспалителни својства и помага да се прочистат белите дробови.

Циметотот пак, особено ако се користи цејлонски кој изобилува со антиоксиданти, заедно со ѕвездестиот анасон исто така, поседува многу важни антибактериски својства.

Лимонот е богат со витамин Ц во форма која му годи на организмот и многу лесно се апсорбира, а познато е дека тој витамин е многу важен кога станува збор за здравјето на ткивата и силен имунитет.

Мајчината душичка изобилува со феноли кои се познати по своите антисептички својства. Овој сируп е 100% природен и се состои од шеќерен сируп кој служи како конзерванс и го продолжува рокот на најмалку три седмици доколку се чува во фрижидер.

Истиот сируп може да се приготви и со мед, со ладно мацерирање од неколку дена, по што се процедува и исто така се чува во фрижидер. Се зема 2-3 пати дневно по една лажица, со консултација на лекар, бидејќи треба да се земат во предвид и контраиндикациите од ѓумбирот за луѓе кои имаат проблем со коагyлација на kpвта.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г нерафиниран, кафеав шеќер, 250 мл вода, 65 г рендан ѓумбир (3 средни парчиња), 1 ѕвездест анасон, 1 стапче цејлонски цимет (1 полна лажичка), 1 лимон, малку свежа мајчина душичка (1 мала лажичка сува билка, цвет и лист)

ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете го интегралниот шеќер и водата, па ставете го на оган. од моментот на зовривање гответе го сирупот на умерена температура 8 минути, додека малку да згусне, а шеќерот целосно да се растопи.

Три средни по големиња свежи корења од ѓумбир внимателно излупете ги со гребење со помош на лажичка (на тој начин најмалку се губи од плодот), а лушпите сочувајте ги, не ги фрлајте.

Излупениот ѓумбир ситно исечкајте го, а истото направете го и со лимонот (претходно измијте го убаво, бидејќи потребна е и неговата кора, само семките отстранете ги).

Кога сирупот ќе се олади, оставете го да се олади. Подгответе една голема стерилизирана тегла, па сите состојки ставете ги во неа. Прелијте одозгора со изладениот сируп, затворете добро и оставете вака да отстои еден ден, подалеку од сончева светлина.

Следниот ден процедете го и чувајте го во фрижидер. Употреба: по 1 супена лажица, 2-3 пати дневно. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.