Најдобрата опција за летно време е да спиете на природни материјали.
За да спиете без потење, клучен е изборот на постелнината. Многумина, за жал, при купувањето многу повеќе внимаваат на неговиот изглед и цена, додека составот на материјалот им е помалку важен.
Таквиот пристап е многу погрешен. Природниот материјал е императив, бидејќи една третина од животот поминуваме во кревет и на што спиеме е многу важно.
Ова е уште поважно во лето, кога е топло и многу се потиме. Бактериите многу брзо се размножуваат во неизмиената постелнина и се хранат со мртвата кожа која се акумулира на неа секоја вечер.
Покрај тоа, потта што ја произведува телото дополнително го овозможува сето ова. Токму затоа оние кои страдаат од алергии на прашински грини, астма или егзема треба посебно да се грижат за хигиената на местото каде што спијат, како и жените во менопауза и сите кои обилно се потат навечер.
1. Материјалите кои ја апсорбираат потта, како што е памукот, се многу подобар избор од синтетичките влакна, кои дополнително го поттикнуваат телото да се поти. Во лето многу е добра и постелнината направена од комбинација на памук и лен.
Да, тие се потешки за пеглање, но барем не треба да се грижите за ноќното потење. Ако не сте го знаеле ова претходно, изберете ткаенини со поголем број конци. Колку е поголем нивниот број, толку е пофина и помазна ткаенината.
2. Експертите препорачуваат постелнината да ја менувате барем еднаш неделно, а во лето тоа да се прави почесто – дури на секои три дена.
3. Сопствениците на домашни миленици треба почесто да ја менуваат постелнината бидејќи нивните омилени крзнени животни често спијат или остануваат на неа.
4. Доколку имате дете, би било добро да го убедите малку да се одвои од омиленото плишано мече, бидејќи плишаните играчки на креветот собираат бактерии и други микроорганизми кои треба да се елиминираат во машината за перење . Ова го правите барем еднаш месечно.
5. Никогаш не перете постелнина на температура пониска од 60 степени. Кога ќе биде пониско од тоа, ќе се ослободите од прашината, но грините ќе преживеат и тогаш немате никаква корист од перењето.
6. Што се однесува до перниците, за летните месеци се препорачуваат оние кои се перат во машина. При купувањето задолжително внимавајте на ова, а советот е врз нив да ставите две навлаки за перници, па перницата помалку да биде натопена со пот.
7. Душекот одвреме-навреме исчистете го со правосмукалка, а на крајот на летото исперете го длабински, има фирми што ја прават оваа услуга за станови и не се премногу скапи. Дотогаш редовно вакуумирајте ги и заштитата за нив е задолжителна.
8. На сите веројатно најмногу ќе им се допадне овој совет – избегнувајте да го местите креветот веднаш штом ќе станете наутро. Имено, во текот на ноќта, додека спиеме и додека се потиме, креветот ја задржува таа влага и топлина, па наутро треба да му се даде време да се исуши и да „дише“.
Не користете омекнувач
Експертите за перење алишта велат дека никогаш не треба да се користи омекнувач во текот на летните месеци. Ја спречува ткаенината да ја впие влагата, па нашите пижами или маица, како и постелнината во која спиеме кога е топло, не можат да ја впијат потта, па ќе се разбудите мокри.
Бидејќи постелнината почесто се пере во лето, најдобро е да користите прашок за деликатни алишта во овој период. За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „БЕЛО КАКО НА РЕКЛАМА: Со овој домашен раствор белите алишта ќе бидат како тукушто купени“ – ОВДЕ.
БЕЛО КАКО НА РЕКЛАМА: Со овој домашен раствор белите алишта ќе бидат како тукушто купени