Многумина се соочиле со истиот проблем, после првото, второто или третото перење купените бели алишта повеќе не се бели, туку ја промениле во бојата во пепеласто сива, сива, модра, жолтеникава, виолетова…Во продолжение прочитајте како да ја вратите нивната првобитна белина:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Пластичен сад за мешање на состојките, врела вода, но не зовриена, туку топла, 2 лажици сол, 1 лажица прашок за печење и 1 лажица течен омекнувач за алишта.




ПОСТАПКА: Сите состојки помешајте ги некој поголем пластичен сад (леген), па закиснете ги алиштата во тој раствор и оставете да отстојат 15-20 минути. Ако алиштата се доста валкани или баш доста ја промениле бојата, тогаш оставете ги да отстојат половина час или повеќе.




После тоа исперете ги вообичаено на машински програм. Еве уиште еден стар и испробан рецепт за белеење на алиштата кој го користеле нашите баби. Понекогаш тајната за чисти бели алишта не се крие во скапите средства од познатите произведувачи, туку во едноставните состојки.




Еден од таквите начини е избелување на облеката со помош на калиум перманганат. Пробајте, ќе бидете изненадени со резултатот. Како да се избелат алиштата со калиум перманганат – За почеток набавете од аптека најобичен калиум перманганат (хиперманган).




Во домашни услови со ова евтино, а многу корисно средство направете го следното: во 10 литри врела вода (во леген) ставете неколку кристали од хиперманганот за да добие водата розева боја.




Не претерувајте, за да не добие темновиолетова боја. Бојата мора да биде розoва Ставете 200 г детергент за перење алишта и промешајте. Ставете ги мокрите алишта во овој раствор. Одозгора покријте со кеса или фолија и оставете да се киснат алиштата околу 4-5 часови (или преку цела ноќ).




Потоа, алиштата исцедете ги, ставете ги во машина за перење, и исперете ги на вообичаен начин. По потреба повторете ја постапката, Совет плус: Обичната сода бикарбона ќе ви помогне да заштедите на скапите средства за перење и избелување на облеката.




Резулатите ќе бидат подобри доколку при перење на висока температура додадете 2-3 лажици сода бикарбона во прашокот за перење. Содата ја намалува тврдината на водата, па така детергентот ќе стане поефикасен.

Како добар избелувач, некои жени користат и прашок за печиво. Потребно е да го ставите пред перењето заедно со детергентот во истата преграда од машината.