Рецепт на Александар од Германија. Ако сте на кето исхрана и внимавате на килогpaмите, ова е уште еден одличен кето колач по предлог на Александар. Колачот е многу вкусен, заcитен и само едно парче може да ве заcити, а притоа нема воопшто да внесете јаглехидрати.

Целата постапка ќе ви одземе околу една минута, а потоа колачот ќе треба да го оладите во фрижидер околу 2-3 часа. Меѓу состојките се користат бадеми, но вие по вкус може да ставите лешници, ореви или некои други јаткасти плодови по ваш избор.

Исто така, се користи замена за шеќер еритритол (наменет за дијабетичари), но вие може да користите засладувач по сопствен избор. Инаку, наречен е „Кето“ колач, бидејќи не содржи јаглехидрати и осмислен е токму за сите оние кои одлучиле да cлабеат со таканаречената „кето“ диeта. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 г крем сирење (филаделфија, маскарпоне или некое друго свежо сирење), 30 г несолен путер, 30 г еритритол (erythritol) или друга замена за шеќер, 100 г бадеми (или други јаткасти плодови), 1 супена лажица какао во прав.

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете по 30 г од следниве состојки: крем сирење, путер и еритритол. Со лажица или шпатула добро измешајте ги состојките додека да се изедначат. Доколку сакате да направите поголема количина, соодветно зголемете ги состојките.

Треба да добиете фина, мазна и кремаста смеса како основа која ќе ги поврзува јатките, а потоа можете да ги додавате останатите состојки. Добиената смеса тргнете ја настрана накратко, а во блендер сомелете ги суровите бадеми/лешници/ореви.

По желба, бадемите претходно можете да ги истостирате во сува тава, на тивок оган колку да замирисаат убаво, но пред мелењето оставете да се оладат. Мелените бадеми додајте ги во кремастата смеса.

Додајте една супена лажица какао, преполна до врв (најубав вкус има органското, квалитетно какао кое е потемно, бидејќи не содржи никакви други примеси). Добро измешајте ја смесата со лажица или шпатула, а на крај замесете со рака.

Потребно е убаво да се „слепат“ сувите состојки со кремот во хомогена смеса. Формирајте валјак, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го фрижидер да се олади и стегне, околу 2-3 часа. Потоа можете да го сечете на тркаца и да се сладите. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.