Фотографија и рецепт на Нада Удовичиќ

Многу вкусни лепињи. Тестото се замесува одеднаш од наведените состојки, се остава да стаса, а потоа нежно се формираат лепињите. Трикот за да бидат воздушести се состои во печењето:

Најпрво се ставаат на најдолната решетка додека да се подујат и запечат одоздола и додека да се случи тоа не смее да се отвора рерната. Потоа се допекуваат на средишната решетка…

Потребни состојки: 1 кг брашно, 500 мл млеко, 300 мл вода, 1 лажичка шеќер, 2 лажици сув квасец, 2 лажици маслиново масло, 1 лажица сол и 1 лажица оцет (обичен, за слата)

Постапка: Во поголем сад ставете го брашното, во средина направете вдлабнување, па ставете го квасецот, шеќерот, млаката вода и млеко, маслото, оцетот и солта на краевите (не директно во квасецот).

Од сите состојки замесете убаво тесто, па покријте го со проѕирна фолија и оставете го да стасува додека убаво да ја удвои својата величина.

Потоа истресете го брашното на малку набрашнета работна површина и исечете го на онолку делови, колку што сакате да бидат големи лепињите.

Многу нежно обликувајте ги топките (не треба многу да се гмечат), па од првото започнете да формирате лепиња. Само со прстите истапкајте ги, никако не користете оклагија.

Лепињите редете ги на плех малку наросен со брашно или обложен со хартија за печење, а одозгора премачкјате ги со малку масло.

Рерната добро загрејте ја на највисоката температура која ја има шпоретот и лепињите ставете ги да се печат на најдолната решетка, да се надуваат и запечат. За цело време рерната не смее да се отвора, додека лепињите растат.

Кога овој процес ќе се заврши, префрлете ги на средната решетка и печете ги до крај додека убаво да заруменат. Печените лепињи вадете ги, редете ги една врз друга и покријте ги со крпа.

Фотографија и рецепт на Нада Удовичиќ