ЛЕПИЊИ МЕКИ КАКО ПАМУК…СЕ ПЕЧАТ САМО 10 МИНУТИ…Од 2 кг брашно добивам 35 лепињи…можат да се замрзнуваат, остануваат свежи и меки…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 мл млако млеко
1 литар млака вода
70 мл масло
20 г свеж квасец
2 кг брашно
3 лажички сол
За премачкување:
1 полна лажица цврст јогурт или кисела павлака
1 жолчка од јајце
1/2 чајна чаша вода 50-60 мл (ако јогуртот е густ)
ПОСТАПКА:
1. Во поголем сад убаво измесете ги состојките потребни за тестото, ќе добиете меко и малку лепливо тесто, па оставете го да ферментира најмалку 2 часа.
2.Повторно премесете го ферментираното тесто и оставете го поклопено да ферментира уште 45 минути.
3.Потоа тестото истресете го на набрашнета површина, оставете да прими брашно колку што му е потребно без да го месите (со нежно валање со шпатулата), па поделете го на 35 еднакви парчиња.
4.Обликувајте топчиња и оставете ги покриени со крпа повторно да отстојат 20 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 250°.
5.Почнувајќи од првото тесто што го направивте, ставете го на плехот и малку сплескајте го со лесно допирање одозгора, па премачкајте го со смесата со јогурт.
6.Ставете ги лепињите да се пече во претходно загреана рерна на 250° 10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.