Лења палачинка – не ми е јасно зошто така се вика, ама многу е вкусна!

Никогаш не ми беше јасно зошто овој рецепт така се вика, ама под ова име ми запишан, па и јас така ви го пренесувам. Кога би се превело на македонски веројатно би требало да се вика МРЗЛИВА ПАЛАЧИНКА.

Потребни состојки за кора:

3 јајца

7 лажици брашно

300 мл млеко

Прстофат сол

Масло за да се намасти плехот

Фил*:

300 г сирење

1 чаша кисела павлака

2-3 чешниња лук

Магдонос

*Вие можете според ваш вкус да го направите филот, што значи може да додадете сечкана шунка, сечкан кашкавал, варени јајца, кисели краставички и сл.

ПОСТАПКА:

1.Загрејте го плехот од рерната кој претходно го намастивте на 250 степени.

2.Изматете ги јајцата, брашното и млекото. Ќе добиете смеса за палачинки.

3.Смесата истурете ја во плехот и печете 10 минути.

4.Извадете ја кората на влажна салветка или крпа и свиткајте ја во ролат.

5.ФИЛ: сите состојки добро измешајте ги.

6.Одвиткајте ја кората, премачкајте ја со филот и свиткајте повторно во ролат.

7.Изладете ја добро за да се стегне, а преку ролатот можете да премачкате со кисела павлака и да украсите по желба.

Loading...