Лекување холестерол со пелистерка и праз

Терапијата трае еден месец. Од Пелистерка/праз водата се пие двапати дневно пред јадење, наутро и навечер.

Потребни состојки за ПП вода:

1 шише природно газирана, минерална вода Пелистерка

¼ страк од праз

Подготовка:

Отворете го шишето и ставете внатре ¼ страк од праз (пресечен на половина и половината пресечена надолжно). Оставете во фрижидер да отстои еден ден.

Откако ќе изминат 24 часа, ПП водата е подготвена за пиење. Секој ден се пие по една ракиена чашка, двапати дневно, пред јадење. По еден месец, направете контрола на крвта, резултатите треба да бидат задоволувачки, а холестеролот намален.

Природната минерална вода Пелистерка содржи: натриум, калциум, калиум и магнезиум, во совршен баланс кои му одговараат на организмот.

Покрај тоа, овие катјони се надополнети со анјони: сулфати, хлориди, бикарбонати и флуориди, кои заедно со биофлавоноидите на празот помагаат во отстранувањето на холестеролот од крвта и заштитување на крвните садови.

Дејство: при контакт на празот со минералната вода Пелистерка, се ослободува азот оксид, природен гас кој ги релаксира крвните садови.

Важна е и улогата на Б витаминот фолати со кој се одржува нормалното ниво на хомоцистеинот. Исто така се ослободуваат и полифеноли кои играат директна улога во заштитата на крвните садови и крвните клетки од оксидативната штета.

ПП водата помага и при лекување на дијабетес тип 2, дебелина, атеросклероза, алергии на дишните патишта и ревматоиден артритис.

Забелешка: во текот на терапијата треба да внимавате на исхраната, да одбегнувате пржена и мрсна храна, „џанк фуд“ и многу слатки, а да ја применувате медитеранската диета.