Копривата (лат. Urtica dioica) е повеќегодишна билка од фамилијата Urticaceae. Некои научници ја сметаат како најмоќна билка на светот.

Коренот од копривата е голем, а се собира од пролет до есен. Опрашувањето се врши по пат на ветер бидејќи оваа билка не ги привлекува инсектите.

Старите Грци ја употребувале копривата за масажа против ревматски болки. Се користи во текстилната индустрија и за добивање на жолта боја.

Од стеблата на копривата се издвојуваат целулозни влакна од кои се прави коноп и хартија. Дел од германските униформи во Првата светска војна биле сошиени од корпивни влакна.

Во германската митологија била симбол на богот на молњите, па затоа се вели: “не удира гром во коприва”.

Копривата се наоѓа во сосатвот на шампоните наменети против опаѓање на косата и против првут, а силициумовата киселина помага во обновување на кожата, па може да става и во бањи. Ваквите бањи им помагаат на луѓе кои имаат проблем со циркулација и коронарни болести на срцето. Екстрактите се користат во козметички третмани.

Од копривата се добива природно средство за прскање против растителни вошки и одбрана од други штеточини и болести кај растенијата, ја јакне отпорноста на билките и може да се користи како течно ѓубриво кое е богато со кислород.

ЛЕКОВИТОСТ И ЗДРАВЈЕ

Коренот на копривата содржи: полисахариди, лектини, кумарини, тритерпени, масни киселини и др. Лековит е бидејќи:

-ја чисти крвта
-ја помага лактацијата
-ги смирува воспаленијата
-ги шири крвните садови
-го намалува високиот крвен притисок
-го забрзува лекувањето на раните
-лекува бенигно зголемена простат
-ублажува алергии

НУСПОЈАВИ И НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Чајот не се препорачува за бремени жени, доилки, како ни на луѓе кои пијат лекови за срце и исфрлање на течности, бидејќи може да го засили нивното дејство. Важно е да се има на ум дека не може да го замени пропишаниот лек, туку да се користи како терапија во консултација со лекар.

Доколку не сте во можност сами да го наберете коренот, најдобро би било да го купите од билна аптека, продавница за здрава храна или од кај проверени билкари.

Во борба против немоќ и безенергичност се пие една шолја првиот ден, две шолји вториот ден, три шолји третиот ден и така една седмица.

Потоа се пие по една шолја помалку од претходниот ден. Постапката се повторува па се прави пауза од две седмици. Ако енергијата во организмот се вратиле, следниот месец дена може да се пие само по една шолја дневно.

РЕЦЕПТ: како се вари домашен чај од коренот на копривата?

Потребни се една лафена лажичка издробен корен од коприва и 150 мл врела вода.

Постапка: Билката прелијте ја со ладна вода па ставете на оган и загрејте додека да зоврие. После 10 минути процедете го и чајот засладете го по желба. Вообичаено се пијат по три шолји дневно.

РЕЦЕПТ: чај од коприва и мед против водени болести, нервоза и воспаление на уринарните патишта.

Состојки: 2 литри вода, 8 лажици мед, 30 г сув корен од коприва.

Постапка: Коренот потопете го во вода и оставете го 16 часа да отстои. Сварете го половина час со 8 лажици мед. Почекајте водата да излади, па процедете. Се пие во текот на денот.