Лековито вино со смокви за кашлица и други тегоби (камен во бубрег, опстипација, тумори на кожа-рецепти)

loading...

Уште од античко време е познато лаксативното дејство на свежата и сувата смоква. И денес се употребува како најприроден лаксатив кој не остава никакви последици, ниту создава навика, а нема опасност ниту од иритантна дијареа.

Лековити делови на смоквата: плод, млечен сок, лист и кора од дрво.

ЛЕКОВИТО ДЕЛУВАЊЕ НА СМОКВАТА

Освен при опстипација, смоквата помага при почетно воспаление на грло, бели дробови, кај паразити во црева. При убод од инсекти и животни (комарци, пчели, шкорпии, куче, мачка..) користиме облога од сува смоква – ја преполовуваме и ја обложуваме на местото на убодот.

loading...

Облога за лекување на разни тумори и други поткожни, масни ткива се приготвува од мелени смокви со додаток на квасец и пасиран/гмечен лук. Оваа смеса ја обложуваме и фиксираме на болното место.

Ефикасна е и свежата смокви која исечена ќе се стави на помал тумор или тврд израсток на кожата.

Со млечниот сок кој ќе се појави веднаш штом скинете зелена смоква – се лекуваат брадавици (2-3 пати дневно се мачка брадавицата додека да отпадне), лишаи и помали ранички. Млечниот сок го стимулира варењето и отстранувањето на паразити.

КОМПОТ ОД СМОКВИ: Има превентивно и куративно дејство за лекување на бубрези, делува против создавање на бубрежни каменчиња и го поттикнува нивното исфрлање.

Предупредување: Допирот со лист од смоква и млечниот сок може да предизвикаат алергии. После јадење на смокви немојте да пиете вода (може да предизвика подување на стомакот).

Смоквата одамна е симбол на плодноста и размножувањето.

ЛЕКОВИТО ВИНО СО СМОКВИ

Потребни состојки:

1,5 литар црно вино

100 г смокви

100 г рогач

100 г шеќер

1-2 каранфилчиња

Постапка:

Црното вино го ставаме во сад за готвење и додаваме мелени суви смокви, мелен рогач, шеќер и каранфилчиња. Готвиме на тивок оган со постојано мешање да не загори, околу 5 минути. Процедуваме.

Употреба: 3 пати дневно по ракиена чашка против кашлица.

loading...