Камилицата (Мatricaria chamomilla) била ценета лековита билка уште во стариот век во древен Египет, Грција и Рим. Хипократ, Диоскорид, Гален и други лекари од тоа време употребувале камилица како средство против болки и грчеви во органите за варење, особено кај децата, како и за лекување на различни воспаленија на кожата и слузокожата.
Својата популарност ја постигнува во средниот век, кога луѓето започнале да користат камилица како лек за бројни заболувања меѓу кои: астма, болки во стомакот, покачена температура, смирување на нервите, воспаленија, гадење, кожни проблеми и рак.
ЛЕКОВИТА РАКИЈА ОД КАМИЛИЦА
Потребни состојки: 100 г цвет од камилица, 100 г шеќер, 1 кора од лимон, 200 мл дестилирана вода и 800 мл домашна, квалитетна ракија
Постапка: цветовите од камилица и кората од лимон прелијте ја со дестилирана вода, па додајте шеќер и ракија. Оставете на сонце 4 седмици. Потоа процедете и оставете да одмора уште 2 месеци. После тој период може да се консумира.
Се употребува по потреба, по една лажица трипати дневно пред оброк за акутни состојби или по една лажица наутро за општо здравје.
Камилицата е ефикасно лековито и козметичко средство благодарение на богатиот состав од корисни материи. Оваа билка е една од најпознатите кога станува збор за домашно лекување.
Како да се користи камилицата и какви се другите нејзините корисни влијанија?
Камилицата е едногодишно тревно растение. Можете да ја откриете по ливадите и пасиштата, околу населбите долж патиштата низ целата земја. За лековити цели се употребуваат цветовите на билката, кои се собираат во периодот на цветање од мај до јули.
Камилицата е богата со етерични масла со антиинфламаторно дејство.
Се користи при заболувања на дигестивниот пат – гастритис, колитис и гасови во стомакот. Има корисен ефект за разбивање на камења во бубрезите и мочниот меур.
Камилицата често се препорачува како лек при воспалителни процеси на дишните патишта. Болести како фарингит и ларингит реагираат многу добро од инхалации со камилица.
Чуда прави и чајот од оваа билка, кој е со пријатен, малку меденест вкус. Надворешно за испирање камилицата се применува при воспаление на слузницата на очите, на матката и при хемороиди.
Камилицата содржи гликозиди, кои помагаат за лачењето на желудечниот сок и го подобрува апетитот. Облози од цветовите на камилица се употребуваат за лекување на рани, влажни егземи, отоци.
Чајот од камилица помага при болна менструација, крвавење на матката , несоница.
Билката наоѓа примена и при ревматизам, невралгични болки, алергиски гастритис, нервен ексцитабилност, епилепсија, главоболка.
За забоболка и болно грло се препорачува гаргара од камилица 3-4 пати дневно. Како универзален лек камилицата има широка примена и во козметиката. Таа е составен дел на многу креми за лице и тело, шампони, пасти за заби и др.
ЧАЈ ОД КАМИЛИЦА
Чајот од камилица не смее да се вари! Се приготвува од 1 лажица сув цвет кој се прелива со 200 мл врела вода и мора да се поклопи! Треба да отстои околу 5 минути до максимум 1 час, но никако подолго од овој период. Се процедува и пие одеднаш. Дозата е 3 чаши дневно, секогаш треба да е свежо подготвена.
Лековитите својства на камилицата доаѓаат од нејзините цветови кои содржат испарливи масла (бисаболол, бисаболол оксиди А и Б, и матрицин), флавоноиди и други терапевтски супстанции.
Научните истражувања потврдија дека камилицата поседува антибактериски, антифугални, антиалергиски и антисептични својства. Исто така, утврдиле дека камилицата го зголемува бројот на белите крвни зрнца во крвта, го олеснува варењето на храната, ја ублажува надуеноста на стомакот и ја нормализира столицата. Камилицата го ублажува стресот и нервозата.
Камилицата може да се користи: како чај при болки во половината и реуматски проблеми; во кремови за лекување на хемороиди и рани; за инхалација при настинка и астма; за намалување на стомачните болки кај децата; за забрзување на лекувањето при алергии, осип, чиреви и рани на кожата
Потоа, како чај за подобрување на варењето на храна, кој се препорачува да се консумира после јадење; олеснување на утринска мачнина во текот на бременоста; при гастритис, гадење, надуеност, стомачни проблеми; за намалување на стресот и релаксација; при несоница; смирување на кожата помали изгореници и изгореници предизвикани од сонцето.
Чајот од камилицата со векови се користи при несоница, покачена температура, настинки, болести на желудникот и др. Покрај тоа, може да се употребува при гингивит (воспаление на непцата), апсцес на заби, воспаление на крајници и на грло. При овие состојби се прави гаргара или може да се инхалира пареата од концентриран чај.