Чувар куќа е билка со исклучително лековито дејство, препознатлива по своите дебели меснати листови, за чија лековитост сме слушале уште како деца. Ги краси нашите домови, градини и балкони, а ако ви е потребен лек за желудник, ќе ви помогне чајот од чувар куќа.

Овој чај помага за елиминиpaње на хеликобактеријата и да се обнови оштeтениот ѕид на цревата, кај чир на желудник, гастритис или воспаление на слузокожата од желудникот, па многу брзо ја yблажува мaчнината, подуеноста и бoлките, со што го cмиpyва желудникот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3-4 свежи листови чувар куќа (10 г) и 250 мл вода

ПОСТАПКА: листовите од чувар куќа измијте ги под млаз ладна вода, исечкајте ги на помали парчиња, па ставете ги во тенџерче и прелијте ги со 250 мл вода. Ставете на оган и веднаш штом зоврие, после 20 –тина секунди тргнете го садот од оган и поклопете го.

NMD.mk

По 5 минути процедете го. Употреба: за најдобри резултати, вака приготвениот чај се пие наутро, на празен желудник во текот на 21 ден. Лековита маст од ЧУВАР КУЌА за секакви рани и болести на кожата, хемороиди, херпес зостер:

Потребни состојки: 1 полна рака листови од чувар куќа сомелете ги во блендер и процедете ги. Две лажици домашна свинска маст растопете, па во тоа додајте го сокот, мешајте со дрвена лажица додека да се соединат.

NMD.mk

Складирајте во стаклен или керамички сад и чувајте во фрижидер. Оваа маст ја користам за модринки, за рани, за убоди од инсекти итн. – рецепт на Мери Божиковиќ.

КЛАСИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА МАСТ ОД ЧУВАР КУЌА

Во 300 г топла, течна свинска маст ставете еден грст свежи иситнете листови и оставете да отстојат преку цела ноќ. Наутро смесата повторно загрејте ја, процедете и излејте во соодветни садови.

Маста помага кај повреди, модринки, нагмечување, убоди од инсекти, фистули и гнојни рани кои долго не зараснуваат.

КАКО ДЕЛУВА ЧУВАР КУЌАТА?

Во лековити цели се користат свежите листови. Свежо исцеден сок или здробени листови се ставаат како облоги при убод од инсект (оса, пчела, комарец), изгореници, испукана и оштетена кожа, херпес зостер, хемороиди.

Сокот ги ублажува тегобите ако се става на места каде има грчеви на нозете или на болни места од гихт. При ослабен слух предизвикан од закоравена ушна кал, се накапуваат неколку капки свеж сок од чувар куќа во увото, бидејќи ја растопува калта.

При калуси, „жуљеви“ и задебелено месо на стапалата, брадавици и сончеви пеги како и депигментација од сонце, се мачка со свеж сок од чувар куќа.

Современите истражувања се насочени на полисахаридите од сокот на чувар куќата, бидејќи им се препишува позитивно дејство врз имунитетот и кај лекувањето на канцеpогените болести.

Експертите препорачуваат свеж сок со мед при срцеви заболувања. Чај од свежи листови се користи како облога исто како и сокот – надворешно, а внатрешно се пие при хемороиди, глисти, менструални тегоби, песок во мочниот меур. Го освежува организмот, има диуретско дејство и делува противвоспалително.

ТИНКТУРА ОД ЧУВАР КУЌА

Свежи листови издробете и потопете ги во иста количина со 70% алкохол или добра домашна ракија. Трипати дневно се консумираат 15-20 капки во половина чаша вода за чирoви или после операција на желудник.

ЛЕКОВИТ ЧАЈ

Пригответе 2 мали лажички иситнет лист од чувар куќа и прелијте ги со 200 мл врела вода. Нека отстојат 2 часа. Процедете и пијте во доза од половина шолја 3-4 пати дневно пред оброк.

Овој чај помага во случај на дијареа, силна менструација, воспаление на уво и крвава дизентерија. Исто така, чајот е добар за засилено излачување на урината од организмот.

ЛЕК ЗА ХЕМОРОИДИ

Потребни состојки: 300 г иситнети листови чувар куќа, 750 г домашен ливадски мед, 1 лимон. Постапка: лимонот добро измијте го и оставете го малку во раствор од сода бикарбона, околу еден час.

Потоа измијте го и тенко исечете го, па помешајте го со листовите чувар куќа, сето добро сомелете и процедете низ газа. Во добиениот сок додајте мед и добро промешајте со дрвена лажица.

Смесата се чува во фрижидер. Лекот се консумира наутро на празен стомак по една лажичка. Се користи 1,5 месец (45 дена). Фото и рецепт: Мери Божиковиќ