Венската тромбоза е болест на васкуларниот систем. Таа е предизвикана поради згрутчување на кpвтa што може делумно или целосно да ја затне вената и да ја намали циркулацијата.




Ако станува збор за површни вени состојбата се нарекува површна венска тромбоза (површен тромбофлебитис), а кога ќе се формираат тромбови во длабоки вени, станува збор за длабока венска тромбоза.




Оваа болест најчесто ги погодува нозете и карлицата, а поретко и рацете. Иако венската тромбоза обично се јавува кај постари лица, може да се појави на која било возраст.




Фактори на ризик кои можат да доведат до тромбоза се: генетска предиспозиција, стаза на кpвтa, ош-тетување на ѕидот на кp-вните садови, долгорочна употреба на орални контра-цептиви, долго седење или стоење, намалена физичка активност.




Други ризик состојби се некои воспалителни состојби и инфекции, постоење на малигни заболувања, трау-ма, доживеан срцев у дар и хронични згрутчувања на кр-вта.

Кај површна венска тромбоза (површен тромбофлебитис), симптомите можат да се појават за многу кратко време (неколку часа или 1 – 2 дена) и тие вклучуваат: задебелување на вената, еритем (црвенило), чувствителност, б олка во погодената област, чувство на топлина.




Површинската венска тромбоза обично трае 1 – 2 седмици, по што акутниот процес се смирува и симптомите се повлекуваат. Во ретки случаи, можна е секундарна инфекција, проследена со: треска, зголемена седиментација, покачен број на леукоцити.




Површната венска тромбоза може да се дијагностицира врз основа на клиничката слика и физичкиот преглед. Третманот е симптоматски и обично вклучува ставање топли облоги и земање лекови против б олки и смирување на воспалението.




Што се однесува до природните лекови, најдобри резултати покажува гелот од див костен кој ја подобрува циркулацијата. Гелот се нанесува во тенок слој на погодената област двапати на ден.




Потребно е да се зголеми физичката активност, да се откаже пу-шењето, да се зголеми внесот на омега 3 и 6 масни киселини, да се јаде свежа црвена лута пиперка (или како зачин).




Чајот од рузмарин исто така ја подобрува циркулацијата, а комбинацијата чај од див костен и ѓумбир го намалува ризикот од згручување на кр-вта. Лукот го намалува притисокот и високиот холестерол.




Длабока венска тромбоза се карактеризира со затворање на погодената вена и појава на воспалителна реакција на нејзиниот ѕид. Длабока венска тромбоза може да постои без видливи симптоми и може да се манифестира во различен степен на чувствителност.

Симптомите најчесто вклучуваат: оток на погодената нога, чувство на тежина и напнатост, тешкотии при одење, еритема (црвенило), чувствителност, б олка во погодената област, чувство на топло, промена на бојата на кожата, истакнати површни вени.

Знакот на Хоман

Чувствителноста и б олката се јавуваат при стоење и одење, кашлање, а симптомите се олеснуваат при одмор со подигнати нозе. Максимална б олка се јавува при свиткување на глуждот со испружено колено или кога станувате со испружена нога, што се нарекува Хоманов знак.

Иако Хомановиот знак е често „лажен аларм“ дека станува збор за длабока венска тромбоза, тој не треба да се игнорира бидејќи длабоката венска тромбоза може да доведе до опас-ни по живот пос-ледици.

За да спречите појава на венска тромбоза, брз разлика дали станува збор за длабока и површна треба веднаш да го посетите вашиот лекар кој ќе ви препише антикоагуланти.

Оваа болест може да се превенира доколку редовно имате физичка активност, а оние кои работното време го поминуваат пред компјутер треба да прават пауза на секој половина час и да направат неколку вежби кои ќе ги раздвижат.

Лек за чистење на кр-вните садови и раз-бивање на тромбот. Рецепт на Јелена. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 чешниња лук, 2 литри вода, 4 лимони, 1 портокали. Овој лек помага и при кардиомиопатија.

Постапка: Лук исчистете го и ставете го во 2 литри вода да се вари со поклопен сад. Кога ќе почне водата да врие намалете ја температурата на шпоретот на најмала (едно пред исклучување) и оставете да се готви уште 10 минути.

Потоа тргнете го тенџерето од шпорет и оставете да се излади 30 минути на собна температура. За тоа време убаво измијте ги лимоните и портокалите, процедете го нивниот сок, а корите сомелете ги.

Доколку лимонот и портокалот не се органски, истретирајте ги со сода бикарбона и вода. После 30 минути, извадете го лукот од водата, а во неа додајте го сокот и корите и оставете да отстојат 2 – 3 часа на собна температура.

По изминатото време, процедете ја водата и складирајте ја течноста во шише и чувајте ја во фрижидер. Се кон-сумира трипати на ден, половина час пред појадок, ручек и вечера.

Количината на кон-сумирање треба да биде во чаша од 30 мл. Се пијат три дози, а потоа се прави пауза. Кога ќе ја потрошите првата количина, веднаш започнете со подготвување на втората, а потоа на третата.