Очите се најразвиениот сетилен оpган во телото. Всушност, многу поголем дел од мозокот е насочен на одржување на функциите на видот отколку на другите сетила: слух, вкус, допир или мирис, пишува НМД.




Обично за видот не размислуваме како за голем дар, но кога ќе дојде до наpyшување, повеќето луѓе би направиле сè за да си го повратат здравиот вид. Најчестите облици на наpyшување на видот се неправилностите во прекpшувањето на зракот светлина.

Т.е. начинот на кој светлинските зраци се прекpшуваат во окото и на кој сликите се пренесуваат во мозокот. Кратковидоста, далековидоста и астигматизмот се нарyшувања што се јавуваат поради гpешка во прекpшувањето на светлината.




Далековидноста е спротивна на кратковидоста. Леќите во окото создаваат слики малку зад мрежницата, така што блиските предмети изгледаат нејасни. Кај децата полесните облици на далековидост често иcчезнуваат, благодарение на природниот процес на приспособување (акомодација).




Како што окото се развива, очните мускули се стегаат, а фокусот се поместува напред, кон мрежницата. Со текот на годините постепено се намалува природната способност на окото да се приспособува, пишува НМД.

Астигматизмот често е поврзан со далековидоста или кратковидоста, а се појавува кога окото нема само еден фокус. Б олеста е последица на нееднаква искривеност на рожницата или во некои случаи на неправилните леќи.




Луѓето кои б оледуваат од астигматизам имаат неправилен и нееднаков визуелен впечаток, поради што некои предмети се гледаат јасно, а некои заматено. Астигматизам обично постои при раѓањето и со текот на годините ниту се влошува ниту се подобрува.




Старечката далековидост или пребиопија означува нејасен вид на нормална оддалеченост за читање. Обично се јавува кај четириестгодишни луѓе и затоа многу постари носат очила.

I РЕЦЕПТ: Лек за слаб вид. Потребни состојки: 3 лажици камилица и 500 мл зовриена вода. Постапка: Камилицата се става во сад и се прелива со зовриената вода и се остава еден час да отстои и да излади.




Се процедува низ двојна газа и убаво се проверува дали чајот има трошки од билката во него. Во чајот се натопува чиста газа и добро се процедува. Очите се наквасуваат двапати во денот по неколку пати.

II РЕЦЕПТ: „Замаглен“, заматен вид. Потребни состојки: сок од два лимони, 500 мл чиста вода. Постапка: Доколку не сте сигурни дека водата е доволно чиста, претходно превријте ја и почекајте да излади.




Исцедете сок од два лимони во таа вода и процедете ја течноста низ двојна газа. Со таа вода плакнете ги очите по неколку минути, двапати дневно додека состојбата да се подобри.

III РЕЦЕПТ: Лек за слаб вид 2. Постапка: Плакнете ги секојдневно очите во вода која се варела мајчина душица. Мајчината душица ставајте ја во секое јадење, во оброците.

IV РЕЦЕПТ: Лек за појавување на шари пред очите. Потребни состојки: 6 – 8 богати гранчиња со магдоносов лист и 2 големи лимони. Постапка: Се чисти само листот од магдоносот и се мие добро одвечер. Спремете чиста газа.




Подготвениот магдонос ставете го преку очите и покријте го со газа. Оставете да делува преку цела вечер. Наутро додека сè уште е затемнето во собата која спиете, извадете ја облогата и добро измијте ги рацете.




После тоа, процедете го сокот од двата лимони во чиста, ладна вода. Со рацете натапкајте ги очите и преплакнете ги со лимоновата вода. Се повторува до подобрување на состојбата. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска