Природно чистење на цревата е важен фактор за добро здравје. Во цревата може да се наоѓа до 15 кг ште-тен от пад. Оние кои стра-даат од неправилно варење на храната, нередовни столици, запек, треба да пијат природен лек кој ќе им овозможи да го исфрлат сиот от-пад од цревата.

Но, овој природен лек е наменет и за оние со прекумерна телесна тежина, постојана подуеност или хемороиди. „Без здрави црева – нема здраво тело,” тврди медицината. Ајурведската медицина верува дека неправилната работа на цревата е причина за појава на нови и непознати, многу теш-ки болести.

Опстипацијата се јавува поради модерниот начин на живот. Оние кои постојано седат, се хранат неправилно, односно не внесуваат доволно количина на растителни влакна преку исхраната го имаат овој проблем. Недостатокот на течности е исто така причина за неможност за празнење на цревата.

Многу луѓе веруваат дека за правилно празнење и поттикнување на празнење е потребно да се јаде само одредена храна. Ова е неточно бидејќи на организмот му е потребна умерена (балансирана) и разновидна храна.

Растителните влакна, храната богата со многу течности, витамини и пробиотици се клуч на правилно варење и поттикнување на здраво празнење. Најважно е да пиете вода и билни чаеви најмалку 2 – 3 литри во текот на денот.

Исто така треба и секојдневно да правите некоја физичка активност, како и вежби за поттикнување на празнењето на цревата. За изведување на оваа вежба, треба да легнете на грб, а колената да ги свиткате кон вашите гра-ди. Опфатете ги нозете со рацете како да ги прегрнувате. Задржете се во оваа положба неколку минути и повторете ја неколку пати во текот на денот.

Важно цревата да се празнат редовно бидејќи во нив се акумулираат ток-сини, цревни паразити кои го загро-зуваат здравјето. Неправилното варење на храната со текот на годините, се манифестира во староста и може да предизвика р ак на дебелото црево, хемороиди, Кронова болест..

Што поскоро треба да се исфрли тешката и вештачка храна, повеќе внесувајте овошје и зеленчук, но има и природни намирници кои изобилуваат со растителни влакна повеќе од другите како што се сувите сливи, кои се моќен извор на растителни влакна и поради тоа го решаваат проблемот со опстипација.

Најдобро е да се јадат наутро, ситно сечкајте 4 – 5 суви сливи и додајте ги во овесна каша. Компотот од суви сливи е одличен природен лек за чистење на дебелото црево. Исто така, за празнење може да помогне наутот (леблебија). Леблебијата треба да се свари, а после неа ќе имате лесна и синхронизирана столица.

Сена (Cassia Senna) е тропско растение кое најчесто се користи поради своите лаксативни својства. Активните состојки на неговите лисја делуваат на нер-вниот плексус во нашите црева. Листовите од сена ја подобруваат цревната перисталтика и делуваат како лаксатив.

Чајот од сена ги сти-мулира цревните кон-тракции и со тоа варењето. Природно ја спречува цревната мрзеливост и запек. Овошјето е слично на мешунка и содржи помалку активни состојки.

Сената расте природно во Африка и Азија, а кај нас може да се најде во форма на капсули, таблети, чај и тинктури како додаток во исхраната. Содржи соединенија кои делуваат на кон-тракција на цревата, а тоа се: гликозиди, флавоноиди, шеќер, смоли,
деривати на антрахинон.

Исто така се користи како општо прифатен лаксатив во лекот за чистење на цревата пред колоноскопија и како третман за синдром на нервозно дебело црево (IBS) и хемороиди.

Исто така, сената има антипаразитски и антиинфламаторни својства. Сената се користи и во програмите за сла-беење. Иако не се препорачува за долгорочна употреба, научните истражувања покажаа дека сената не придонесува за развој на рак на дебелото црево.

Чај од сена – подготовка

Чајот од сена има најширока примена. Но, ако планирате да го пиете, избегнувајте кесички чај со сена, бидејќи тие можат да содржат преголема до-за. Важно е да се контролира до-зата. За една чаша чај, потребни се до 2 грама мелени лисја од сена.

Ставете ги лисјата во чаша и оставете да отстојат 10 минути. Чајот може да се направи и на друг начин со тоа што лисјата ќе отстојат 12 часа во ладна вода. Чајот од сена има боја на килибар, слаб мирис и горчлив вкус. Поради својот вкус, добро е да се пие во комбинација со други чаеви како што се анасон, кора од портокал, цимет или ѓумбир.

Поради активните состојки во растението сено, постои одредена дневна до-за што не треба да се надминува. Администрацијата за храна и лекови на САД препишува 17,2 милиграми на ден за лица над 12 години и 8,5 милиграми за деца под 12 години. Дневната до-за на сена што не треба да се надминува е 34,4 милиграми, посочуваат експертите од здравствениот портал Хелтлајн.

Поголема до-за од оваа билка може да предизвика поблаги несакани ефекти, а долготрајната употреба на оваа билка може да предизвика проблеми како задржување на водата во организмот.

Рецепт: Со овој природен лек се чистат мастите кои се нафатиле на црниот дроб

Магдоносот ја забрзува циркулацијата, а во комбинација со лимонов сок го зајакнува имунолошкиот систем, ги намалува масните наслаги и многу успешно го намалува холестеролот на брз и ефикасен начин.

Потребни состојки: 5 стебленца целер (или еден корен со листови), 1 чаша сечкан магдонос, 3 лимони, 4 чаши вода.

Подготовка: Исечкајте го магдоносот на колку можете поситни парчиња и ставете го во подлабок сад. Потоа истата постапка повторете ја со целерот и сечканите парчиња, ставете ги во друг длабок сад.

Процедете го сокот од трите лимони, а доколку кората е органска изрендајте и неколку парчиња и додајте ги во напитокот. Во блендер, додајте го сокот од лимон, сечканиот целер, сечканиот магдонос и водата.

Изблендирајте ги состојките додека да добиете густа смеса – зелено смути со многу нутриенти. Пијте по 2 чаши од сокот, трипати на ден на празен стомак. Односно, испијте еден дел наутро, а другите два дела од сокот испијте ги половина час пред оброк. Во текот на денот треба да јадете лесна храна, овошје и зелечнук, како и семиња, особено ленено семе.

Тера-пијата трае три дена, а потоа направете пауза од 7-10 дена. По изминатото време повторете ја постапката уште еднаш. За време на тера-пијата, регулирајте ја исхраната и хранете се што е можно поздраво за да го забрзате процесот на де-ток-сикација. Потребно е да испиете најмалку 3 литри вода во денот.

Рецепти со смокви:

I Рецепт: За само 1 час го прочистува телото од маснотиите односно т оксините во кр-вта, го зајакнува имунитетот и е одличен во лекувањето на сите болести.

Потребни состојки: пола литар вода, неколку суви смокви.

Постапка: Во тенџере со вода додајте ги смоквите и почекајте додека водата да зоврие. Доколку користите свежи смокви ставете помалку отколку количината суви смокви, односно користете 3 – 4 смокви.

Варете ја смесата вкупно 9 минути, а потоа изедете ги. Исто така сварените смокви може да ги изблендирате, а потоа да ги додадете во теглата со мед и да кон-сумирате секое утро по 1 лажица на празен стомак. Исто така, смоквите може да се јадат и како свежи или суви. Доволно е да изедете 3 смокви на ден за да ја сти-мулирате работата на цревата.

II Рецепт: Суви смокви со маслиново масло

Постапка: Ставете 40 суви смокви во една стаклена тегла и додајте маслиново масло додека да ја наполните теглата до врвот, а потоа добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои на сонце 40 дена.

По изминатото време, кон-сумирајте по една смоква пред јадење, а овој природен лек може да ви помогне доколку имате хемороиди, проблеми со стомакот, неп-лодност, анемија, астма и бронхитис. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска