Многумина стра-даат од гастритис, воспалително заболување или иритација на желудочната слузокожа. Тој може да се појави одеднаш (акутен гастритис), траејќи еден до три дена, или да биде во хроничен облик, траејќи со недели и месеци.

Медикаментите можат значително да помогнат и да ги намалат симптомите, но тие делуваат врз смирување на симптомите без да ја лекуваат причината. Промената на исхраната може значително да помогне во третирањето на коренот на ова заболување, и постепено дигестивниот тракт би можел да се обнови.

Симптоми: киселини во желудникот (чувство на го-рење во стомакот и градите), га-дење и пов-раќање (некогаш по-враќање и содржина во која има и к-рв и црн матријал кој наликува на кафе), губење на апетит, б олки во стомакот и градите, непријатно икање и ждригавица, премногу темна столица

ЛЕК ЗА КИСЕЛИНИ ВО ЖЕЛУДНИКОТ

Билкарот Мартин Најдовски има еден многу едноставен и достапен лек за овој проблем, кој делува инстантно. За него ви е потребно диво нане (може и питомо). Еве го рецептот: „Се меле во машинка за кафе диво нане суво.

Кога ќе се направи прав, се собира во теглички. Наутро на гладно по 1 кафено лажиче нане, се става во уста и со малку вода се голта, потоа се земаат уште две голтки и со секоја голтка се плакне устата од остатокот што можеби се залепило за забите и се проголтува.

Киселината моментално ја снемува, ако не можете наутро, тогаш во моментот кога ќе добиете тегоба веднаш направете го ова. За 21 ден ќе си го решите проблемот со киселини. Истото може да се направи и со питомо нане. Овој концентрат работи моментално!” – вели Најдовски. Доколку имате прашања во врска со билките или неговите рецепти, можете да го прашате на неговата страница Лилма.

ИСХРАНА ЗА ГАСТРИТИС

Јадењето здрава храна и комбинација од некои погодни продукти, а истовремено и целосно избегнување на храната која ги засилува симптомите во секојдневнието е клучот за перманентното решавање на гастритисот.

Секојдневно консумирање храна која делува уни-штувачки на бактеријата H.pylori.

Таква храна се брокулите и лукот, на пример. Една компонента на брокулите, наречена сулфурафан, во медицинските истражувања се покажала како ефикасна против споменатата бактерија. Дополнително, оваа состојка делувала и на оние соеви кои станувале резистентни на антибиотиците.

Ако навистина не можете да го поднесете вкусот на брокулата, тогаш достапни се и суплементи на сулфурафанот. Сепак, најдобро е да го внесувате преку храната, бидејќи брокулата содржи и дополнително корисни нутриенти за организмот.

Лукот е многу добро познат антимикробен, па така и антибактериски агенс. Ваквото дејство се должи, пред сé, на неговата компонента алицин. H.pylori бактеријата е особено сензитивна на лукот, што го прави овој зеленчук особено погоден при гастритис.

Јадете колку можете повеќе пробиотска храна

Пробиотиците како бактериите од родовите Lactobacillus и Bifidobacterium се особено корисни колонизатори на мекото желудочно ткиво. Земањето пробиотска храна или пробиотици, може значително да го подобри здравјето на дигестивниот систем и неговата способност да ги апсорбира сите хранливи состојки.

Дополнително, во комбинација со витамини од Б групата, пробиотиците можат доста значително да делуваат на подобрување на состојбата при гастритис. Пробиотски прехранбени продукти: органски јогурти, кефир, одредени типови на леб, ферментирано цвекло, краставички, зелка итн.

Јадете храна која може да ги поправи „ош тетувања” од медикаментите и да ги намали симптомите на гастритис

Пред сè тоа е пробиотската храна, но постојат и продукти за кои е најдено позитивно дејство при стомачни проблеми, како гастритис, стомачни болки, гадење, киселини и повраќање, тоа се: ѓумбир, јаболков оцет, куркума, кари зачин, оригано, ананас, сок од цвекло, моркови и брусница, зелен чај

Дополнително, погодна при гастритис е и храната богата со витамин А: моркови, зелени зеленчуци, аспарагус, сладок компир, праски, кајсии итн. Витаминот А има есенцијална антиоксидативна функција, но влијание и на правилното функционирање на мукозните мембрани и обновувањето на ткивата.

Продукти кои треба целосно да ги избегнувате

Доколку досега не сте забележале, обратете внимание на продуктите кои често ги користите, а ви предизвикуваат засилување на симптомите – дали се тоа тестенини, тесто, лути пиперки, кафе, чоколадо и сл. Ако е потребно, запишувајте.

Тоа е за индивидуалното искуство, што се однесува на генералното, треба целосно да ги избегнувате следните намирници: млечни производи (освен пробиотски јогурти), соја, компири, житарици, слатки, газирани пијалаци; енергетски пијалаци; храна со трансмасти; кафе, глутен, разни видови на слатки, торти, колачи и сл; чипсови, препржена храна.

Трајни животни навики во однос на исхраната

Како и повеќето заболувања, така и кај гастритисот, освен пронаоѓањето на причината, трајното решение се крие во трајните промени на животниот стил. Иако звучи многу едноставно, менувањето на навиките е една од потешките работи кои можете да ги напраивте.

Советите за исхрана при гастритис не се сосема далечни од општите совети за здрава исхрана, па така обидете се да ја направите оваа исхрана трајна. Имајте постојана исхрана богата со растителни протеини, растителни влакна, здрави масти и антиоксиданти (свежа храна – овошје, зеленчук) за да имате оптимално здравје.

Дополнителни кратки совети за превенција и справување со гастритисот:

Избегнувајте ги инфекциите – Мијте ги редовно и правилно рацете со топла вода и сапун, мијте ги правилно овошките и зеленчукот, не јадете со ист прибор или од иста чинија. Секогаш пијте доволно вода. Имајте повеќе оброци, со помал обем. Не се прејадувате. Избегнувајте било каква процесирана храна. Спијте доволно. Не претерувајте со лековите за болки.