Кромидот има богата хранлива вредност, содржи малку калории, а во него има и јаглехидрати, протеини, масти, растителни влакна, витамин Ц, Б1, Б6, Б9, манган, калиум, бакар, магнезиум, фосфор и железо. Покрај ова, кромидот содржи и помали концентрации цинк, селен, витамин К, холин и други витамини од Б групата.




Различните видови кромид содржат и над 25 други видови флавоноидни антиоксиданти од кои најпознат и во најголемо количество е кверцетинот (кромидот е најдобар извор на овој антиоксидант).

Наведените флавоноидни антиоксиданти со кои се богати различни видови кромид, можат да ја намалат хроничната инфламација преку бор-бата со слободните радикали и да делуваат за поуспешно намалување на мастите и холестеролот во кр-вта.




Моќните антивоспалителни својства на кромидот можат да делуваат и на намалување на кр-вниот притисок, како и на превенција од тромбоза. Ова е покажано со низа научни студии.

Кромидот е богат со пребиотици од кои корисната цревна микрофлора може да создаде кратковерижни масни киселини – ацетат, пропионат и бутират. Кромидот го забрзува метаболизмот и на тој начин потпомага во процесот на намалување на вишокот килограми.




Јадењето кромид може да помогне во контролирањето на глукозата во кр-вта, што е од особено значење за дијабетичарите и оние во предијабетична состојба. Се смета дека ваквите антидијабетични ефекти се должат на флавоноидните антиоксиданти на кромидот, како кверцетинот, но и другите сулфурни компонетни.




Кромидот потпомага во одржување на здравјето на косата, кожата, ноктите. Има имуностимулирачки ефект кој се должи на присуството на витамин Ц во кромидот. Кромидот исто така помага за воспоставување на подобар сон и расположение.

Оваа негова придобивка се должи на присуството на витамин Б во кромидот, поточно фолатите кои спречуваат создавање на вишок хомостицеин во организмот. Кромидот помага при лекување на астма и артртитис поради неговите антивоспалителни својства.




Кромидот, исто така се користи за лекување на некои кожни болести. За лекување на простата кај мажи се препорачува секојдневно да консумираат суров кромид. За лекување на срцеви проблеми се препорачува консумирање на чај од кромид.

За кожни болести – изблендирајте еден лимон и еден сечкан кромид, а добиената смеса помешајте ја со 200 мл јогурт. Смесата чувајте ја во фрижидер, може да стои до 3 дена.




За лекување на јачмен во окото – издробете еден кромид, а потоа помешајте го со јаболкова киселина. Ставете ја смесата на газа, а потоа држете ја газата директно ја јачменот во период од 5 часа.

За болести на ноктите и појава на лишаи – измешајте 8 лажици ситно сечкан кромид со половина литар вотка/ракија. Складирајте ја смесата во тегла, промешајте ја и оставете да отстои 10 минути. Користете два – трипати на ден со мачкање директно на болното место.




За оток – исечкајте неколку прстени кромид, а потоа ставете ги на газа која ќе ја поставите директно на отокот. Прицврстете ја газата со фолија или крпа. Користете по потреба, сè додека отокот да исчезне.

За лекување на кашлица – исечкајте 6 главици кромид и измешајте ги со 6 лажици мед. Ставете го садот на пареа и мешајте неколку минути. Користете два – трипати на ден по 1 лажица.

За затнат нос и воспалени синуси – во сад ставете исечкан кромид на парчиња и ставете го покрај вас додека спиете блиску до главата. Вдишувањето на овој мирис може да биде малку непријатно, но веќе следниот ден нема да имате проблем со синутисите.




За да подготвите тинктура од кромид – потребно ви е 400 г ситно сечкан кромид и измешајте со 70% ал-ко-хол, 120 мл. Добро промешајте ја смесата. Консумирајте по 1 лажица разредена со вода, пред оброк, 10 дена во месецот.




Црвен или бел кромид за болки во нозете и подобрување на циркулацијата – направете облога од кромид. Исечкајте го кромидот на прстени и ставете ги на стапалата. Прицврстете со алуминиумска фолија, а потоа облечете чорапи.




За срце, чај од кромид и мед. Потребни состојки: 2 средни главици кромид, 1 литар вода, неколку листови магдонос и целер, 2 лажички шеќер, 1 мала лажица мед.

Постапка: Шеќерот ставете го во тенџере и почекајте да се карамелизира. Исечкајте го кромидот на прстени и ставете го во 1 л вода на рингла. Додајте го магдоносот и целерот. Чајот треба да стои на рингла околу 15 минути по зовривањето на најниска температура. По изминатото време, процедете го чајот и засладете со мед по желба. Консумирајте по една мала чаша, неколку пати на ден.

robinmcnicoll / Flickr.com