Во продолжение на текстот прочитајте повеќе рецепти за приготвување на природни и ефикасни лекови со оваа билка: СЛАТКАРЧЕ – Pelargonium odoratissimum, мискимбре, итер, барбароза, пеларгониум, миск, сардела, атрче … ако се сетите дополнете и вие.

Исто како што здравецот е карактеристичен за секој македонски дом, заедно со петуниите, сарделите и розите, така и Слаткарчето е доста застапено како украсна билка.

Тоа е многу убаво, исклучително ароматично и многу полезно.

Кога приготвувате компот од модри сливи или вишни, ставете по едно ливче за да добиете одлична арома.

Исто така, се додава во мармалади и слатка.

Меѓутоа, оваа билка, освен што е ароматична, таа е и многу полезна и лековита. Со самото вдишување на аромата доаѓа до заздравување на имуниот систем.

Скинете еден лист и протријте го низ раката за да се ослободи неговото етерично масло. Вдишувајте го овој мирис кога не се чувствувате добро и кога сте болни.

Рецепт:

Откинете 20 свежи листови слаткарче и истолчете ги во аван.
Изрендајте ја кората од 3 домашни лимони и исцедете го сокот.
30 здрави ореви искршете и извадете ги јатките.
Додадете една тегла квалитетен мед.
Убаво промешајте заедно со истолчените листови.

Употреба: по една супена лажица секој ден, половина час пред појадок.

Го лекува високиот крвен притисок и болното срце.

За болно срце: секое утро на гладно изџвакајте по 2-3 листа Слаткарче. Половина час после тоа не консумирајте никаква храна за да може билката да делува. Ги лекува вените и сите болни крвни садови.

Слаткарчето може да ја смири и силната кашлица. За таа цел, одвечер треба да направите одвар од:

2 супени лажици босилек
3 листа слаткарче
3 ореви скршени, но да не се исчистени
500 мл вода

Ставете ја водата да зоврие, па во неа ставете 3 цели ореви со тврдата лушпа, претходно само скршени, босилекот и слаткарчето. Оставете да се варат 5 минути.

Оставете да излади, а следниот ден процедете. Целата оваа количина треба да се подели на 4 дози и да се испијат во текот на денот, распределени на еднакво растојание. По желба може да се заслади со малку мед.

Лек за исфрлање на секретот од белите дробови и синусите:

10 негро бонбони
10 ливчиња слаткарче
10 локумчиња
500 мл вода

Се загрева водата па се додаваат бонбоните и листовите од слаткарчето.
Штом започне да врие се додаваат и локумчињата и се меша полека додека да се растопи смесата.
Се вари сè додека да се преполови и да згусне.
Се складира во сув и чист сад и се остава така да излади. Се добива смеса слична на мармалад.
Се конзумира по едно лажиче наутро. Се чува во фрижидер.

Коментар на Валентина Ласкова:

“Чај од 3 листови слаткарче и 200 мл вода да проврие 7-8 минути, да се олади и се пие. Смирува кашлица. Испробано”.