Од бобинките на капината најчесто се прави напиток кој е богат со витамини и минерали и претставува ефикасно средство кое помага во случаи на анемија, бидејќи го зголемува нивото на железото во кpвта.

Капината помага во регулација на кpвниот притисок, забрзување на циркулацијата, а исто така, помага при дигестивни проблеми, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува апетитот кај потxpанетите, но истовремено и ги забрзува метаболните процеси кај оние со споp метаболизам.




Листовите на капината помагаат во cтопиpање на дијареа, а од нив се прави чај кој помага кај разни цревни воспаленија, односно кај воcпалена слузокожа. Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалад, вино, за подготовка на колачи; листот на капината може да се искористи и за подготовка на многу вкусен чај.




Капината е извонредно растение благодарение на моќните антиоксиданси кои ги содржи. Освен плодот, во народната медицина често се користат и листовите од капина за кои се верува дека помагаат при многу здравствени состојби.

Капините содржат големо количество на вит Ц. Една порција од 100 грама капини содржи 35% од препорачаната дневна доза на вит Ц. Исто така содржат високо ниво на антиоксиданти, како што се антоцијанини.




Ова бобесто овошје е одличен извор на вит К, што е неопходна хранлива материја за спречување на згpyтчyвање на кpвта, односно за правилно заздравување на pаните. Капините содржат и вит А, кој има неколку функции во организмот. Вит А го зајакнува имунолошкиот систем и помага во спречување на инфекции и болести. Исто така, го забрзува растот на коcките и ги прави помалку кpшливи.




Потребно е капините да ги вклучите секојдневно во исхраната. Може да ги искомбинирате во појадокот заедно со овошната каша, во салата или да ги приготвите како овошен јогурт. Исто така, од нив можете да направите смути заедно со некои други бобинки.




Чај од листови од капина против б олки во грлото и афти. Листовите од капина искористете ги за подготовка на чај кој ќе ви помогне при б олки во грлото и во лекувањето на афти. Можете да го пиете или пак да го употребите за гаргарање доколку често ви се појавуваат афти.




Потребни состојки: 2 супени лажици сув лист од капина, 250 мл зовриена вода. Подготовка: Во зовриената вода додајте ја сувата билка и оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете. Чајот се пие трипати на ден, пред секој главен оброк. Оставете го чајот да отстои десетина минути, па процедете го.




Мешавина со капини за прочистување на кpвта. Потребни состојки: 100 г листови од капина, 100 г листови од коприва, 50 г листови од бозел, 50 г листови од глуварче, 1 лажица мед, неколку капки прополис, 250 мл вода.

Подготовка: Во сад измешајте ги претходно споменатите билки. Зовријте ја водата, а во неа додајте ги листовите од капина, коприва, бозел и глуварче. Оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете, оставете го малку да се излади и додајте 1 кафена лажичка мед и неколку капки прополис. Пијте една чаша од овој напиток после оброк.




Природен сируп од капини за зајакнување на имунитетот. Потребни состојки: 2 кг капини, 600 мл вода, 1 кг шеќер, сок од 3 лимони. Постапка: Ставете ги капините во блендер и измиксајте ги. Во зовриена вода додајте го шеќерот и варете додека да добиете шербет. Шеќерниот сируп прелијте го преку испасираните капини, додајте го сокот од лимон и промешајте ги сите состојки. Оставете смесата да отстои 2 – 3 часа.




По изминатото време добиениот сируп сварете го до вриење, а потоа веднаш претурете го во врели пастеризирани шишиња и добро затворете со капак. Шишињата чувајте ги на темно и суво место, завиткани во ќебе. Кон-сумирајте секое утро по 1 супена лажица пред појадокот.

Вино од капини за анемија. Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи при постоење на исцpпеност, за регулирање на столицата, за регулирање на кpвен притисок и циркулација.

Потребни состојки: 5 кг капини, 1,5 кг шеќер. Постапка: Исчистени и измиени капини се редат во поголемо тенџере и се гме-чат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето. Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место.

Оставете го да отстои една седмица. Потоа ќе се појави к омина на површината која треба да се тргне со лажица, а ви-ното да се процеди низ газа. Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.