Лек од магнезиум и глуварче против грчеви во нозете, болки во зглобови и мускули, нервни болки и немирни нозе

Цветовите од глуварче се комбинираат со магнезиумовото масло со што се добива моќен мевлем кој помага за олеснување на грчевите во нозете, болки во грбот, болки и вкочанетост во зглобови, синдром на немирни нозе и нервни болки.

Овој рецепт стана инстант хит и бројни луѓе што го испробаа оставија презадоволни коментари. Мевлемот олеснува болки во нозете, зглобови, грчеви, било какви проблеми со мускуло-скелетниот систем, а една читателка го прогласи за најдоброто нешто што постои, бидејќи со негово користење и исчезнала хроничната болка во раката.

Зошто се користат цветови од глуварче?

За овој рецепт се одбрани глуварчињата, затоа што нивните цветови традиционално се користеле поради нивните благи аналгетски својства. Па така, одлични се во сите рецепти кои бараат олеснување на болка.

Зошто магнезиумово масло?

Експертите сметаат дека голем дел од населението не внесува доволно магнезиум преку својата дневна исхрана. Дефицитот на овој минерал може да доведе до главоболки, грчеви во нозете и голем број други суптилни заболувања.

Покрај бањите со магнезиум сулфат (Епсом сол) и додатоци на магнезиум, има уште еден начин како да се апсорбира овој витален минерал, а тоа е со нанесување на магнезиумово масло преку кожата.

Ова масло не е класично масло, туку се добива со раствор од магнезум хлорид во дестилирана вода. Кај некои луѓе со сензитивна кожа може да предизвика иритација и сувост, па затоа ова масло е добро да се искомбинира со смирувачки креми, особено оние кои се база на алое.

Синергетската комбинација од глуварче и магнезиум е прекрасна, па затоа направете си го овој природен лек или запишете си го за да го направите догодина.

Наберете цветови глуварчиња од еколошки чиста средина, но секогаш внимавајте, на еден набран цвет да оставите најмалку 2 или 3 ненабрани цветови кои им се потребни на опрашувачите. Доколку знаете дека вашиот сосед се подготвува да го коси својот тревник на кој има глуварчиња, замолете го да ви дозволи да ги наберете цветовите кои и онака ќе бидат искосени.

Откако ќе ги наберете цветовите од глуварче, најдобро е да ги оставите врз некоја крпа, убаво распоредени, за да се потсушат. Може да се приготвуваат и свежи, но со нивното дехидрирање се оневозможува појава на мувла и габички кои би можеле да го расипат мевлемот.

Откако ќе се засушат цветовите, ставете ги во стаклена тегла и прелијте ги со ладно цедено масло (маслиново, бадемово, сончогледово, од авокадо или јојоба).

Брза инфузија: Поставете ја отворената тегла со глуварчиња и масло во тенџере со малку вода, и загревајте, но да не биде изложено на превисока температура. Гответе го маслото вака околу два часа. За сето време внимавајте да не ви испари водата и да не зоврие. Штом забележите дека се ближи кон зовривање, намалете ја температурата. После два часа извадете ја теглата и оставете ја да излади.

Откако вашето масло ќе биде подготвено, процедете го и чувајте го на ладно и суво место додека да ви затреба за употреба. Рокот на употреба е од 9 месеци до 1 година, во зависност од квалитетот и видот на маслото што го користите.

ЛЕК ОД МАГНЕЗИУМ И ГЛУВАРЧЕ

Потребни состојки:

22 г масло од глуварче
6 г емулгирачки восок
32 г магнезиумово масло
25 г дестилирана вода
14 г алое вера гел
2-3 капки есенцијално масло од лаванда
конзерванс по избор, без парабени

Постапка:

Магнезиумовото масло и восокот ставете ги во емајлиран сад, па на многу тивок оган (60-70 степени) загревајте додека да се растопат и соединат состојките, околу 10 минути.

Во друг сад ставете магнезиумово масло, дестилирана вода и алое гел и промешајте, па прелијте со растопениот восок во масло од глуварче. Садот загреавајте го врз пареа на средно-умерен оган уште неколку минути, па тргнете го на страна и оставете 5 минути да подизлади. Потоа додадете есенцијално масло од лаванда или по избор.

Доколку ставите некаков конзерванс (Leucidal Liquid SF Max), вака приготвениот лек може да остане свеж неколку месеци, во спротивно чувајте го во фрижидер и искористете го за една седмица.

Складирајте го во соодветен сад. Нанесувајте по мала количина на стапалата, нозете, грбот и на зафатените места, навечер или онолку пати во денот колку што е потребно.

Доколку не можете да најдете емулгирачки восок, направете го рецептот со пчелин восок, но магнеизумовото масло ќе го употребувате посебно, бидејќи не можат да се соединат во еден производ.

МЕВЛЕМ ПРИГОТВЕН ОД МАСЛО, ПЧЕЛИН ВОСОК И ЦВЕТОВИ ОД ГЛУВАРЧЕ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-цветови од глуварче
-масло (маслиново, бадемово, сончогледово)
-пчелин восок
-етерично масло од лаванда

ПОСТАПКА:

Свежите набрани жолти цветови од глуварчето убаво се распоредуваат на бела хартија да преноќат. Следниот ден ја полните теглата најмалку ½ до ¾ . Големината на теглата зависи од количината на набраните цветови. Долевате со некое ладно цедено масло: маслиново, бадемово или сончогледово.

Теглата ја ставате во поголем сад со врела вода да врие на умерен оган неколку часа. Изладеното масло го прецедувате и го мерите количеството. На секои 100 мл масло се додаваат 15 г пчелин восок.

Постапката ја повторувате: Теглата со масло и пчелин восок ја ставате во поголем сад со врела вода, се додека да се растопи восокот.

За поголема ефикасност и смирувачко дејство можете да додадете и неколку капки, етерично масло од лаванда. Кога мевлемот е готов, уште топол го претурате во соодветни садови.

Претходна статијаДенешната вечера од само 4 состојки – ние веднаш ја изедовме уште топла, а уште подобра е и ладна
Следна статијаСлатко од грозје без семки – кој пробал знае